Февруари е месец кога Балканот се потсетува на големата поетеса Десанка Максимовиќ, која почина на 11 февруари 1993 година.
Таа зад себе остави многу песни и големо уметничко наследство, но јавноста многу малку знае за нејзиниот приватен живот.
На прославата на 94-тиот роденден, една година пред смртта, ја посетил новинар од NIN, Борислав Гајиќ со кого го имала последното интервју во животот. Тие разговарале за песните, кои биле „децата“ во нејзиниот живот. Таа му раскажала и за тоа кога паѓала 14 пати и ја кршела ногата, а меѓу другото му зборувала и за љубовта на нејзиниот живот – Сергеј Сластиков Калужанин.
После студиите на Филозофскиот факултет каде што студирала книжевност и историја на уметноста, таа добива стипендија од француската влада и во 1923 година заминува за Париз каде што работи како професорка во Првата женска гимназија, а сопругот го запознава дури откако ќе стане позната поетеса.
-Ме повикаа Русите еден ден во нивниот клуб за да одржам предавање и да прочитам неколку свои песни. Таму го запознав Сергеј. Дали тоа беше љубов на прв поглед? Веројатно. Но, едно е сигурно, тој беше мојата прва љубив и првиот маж во мојот живот кој го бакнав. Иако бев веќе зрела девојка, се зближивме многу подоцна. Не можев веднаш да се омажам, бидејќи сè уште имав браќа и сестри кои не беа изведени на вистински пат. На Сергеј му ја објаснив својата наследна должност и му кажав дека мора да почека. Беше многу благороден човек и ме сфати. Трпеливо го чекаше денот кога најпосле се венчавме и основавме свој дом – стои во изјавата на Макисмовиќ.
Сергеј заради љубовта се одрекол од актерската кариера
Се омажила за Сергеј во 1933 година. Тој бил руски емигрант. Како млад кадет за време на Првата светска војна бил заробен од Турците, но успеал да се спаси и да стигне до Белград.
После венчавката, тој завршил актерска школа и добил понуда да работи во Скопскиот театар. Но, заради професионалните должности на Десанка во Белград ја одбил понудата.
-Се вработи во издавачката куќа „Просвета“ како преведувач од руски јазик. Во неговата кариера преведе 14 книги. Пишуваше и песни за деца, под псевдонимот „Калужанин“. По потекло беш од Калуга, шумска област во близина на Москва, вели поетесата.
Кога се омажила, многумина биле изненадени. И зборувале постојано за тоа дека можела многу подобро да се омажи, бидејќи многу богати луѓе ја барале за жена, но на сето тоа таа имала само еден одговор:
-Јас се омажив за човекот кој беше одбран од моето срце, без разлика на тоа што е сиромашен. Во него го најдов тоа што го сакав.
Никогаш не жалеле што немале деца. Како најстаро дете во нејзината фамилија, таа одгледала многу браќа и сестри. Се грижела за нив се додека не пораснале и не станале свои луѓе. Така го преживеала мајчинскиот момент многу порано во животот.
-Подоцна во бракот, мојата креативна работа ме исполнуваше во целост. Кога ќе напишев една песна, имав чувство дека сум родила три деца. Толку се чувствував истрошено, бидејќи давав сè од себе во процесот.
Сергеј починал во 1976 година, а се закопани еден до друг, нивната љубовна приказна ќе остане една од најубавите на сите времиња.
Извор: noizz.rs
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот