Последниве денови светот не престанува да зборува за Џастин Трудо, канадскиот премиер кој многу „фраерски“ му се спротивстави на Трамп и неговата политика, но успеа да ја шармира дури и неговата ќерка Иванка, а фотографии со коментари „Сакам да ме гледаш како што Иванка го гледа Џастин“, го преплавија интернет.
И денес, неколку години по неговото назначување за многумина тој е само неискусно убаво момче кое не е дораснато на ситуацијата да биде Премиер на толку голема нација. Но, тој е можеби единствениот премиер кој во својот кабинет има министри кои потполно одговараат на својата позиција – Министер за здравство е доктор, Министер за култура е уметник, Министер за економија е банкар. Тоа ја прави неговата влада најсовршената влада во светот.
Негов татко е Пјер Трудо, легендарниот канадски премиер, кои и денес го сметаат за еден од најголемите политичари во земјата. Татко му и го израснал, откако мајка му ги напуштила кога Џастин имал само шест години.
Пред Трудо да почне да се занимава со политика, работи како наставник во средно училиште, носи долга коса, боксува и има истетовиран гавран на рамото, што не е типично за некој политичар.
Светот го запозна како 28-годишно момче кое говори на погребот на сопствениот татко. Тогаш, всушност и почнува поактивно да се вклучува во политиката. Лидер е на либералите во 2013 година, но и мета на конзервативците токму заради својот младешки изглед. Според нив, тој е момче кое никогаш нема да порасне.
Либералната партија на Канада под негово водство оствари импресивна победа на парламентарните избори во земјата пред три години, а самиот Трудо стана миленик на светот.
Всушност, политичката кариера како да му е загарантирана од самото раѓање. Тој бил само 4-месечно бебе кога тогашниот претседател на САД, Ричард Никсон, го зел во своите раце и рекол дека тоа дете еден ден ќе ја води Канада.
Трудо е вториот најмлад премиер на Канада. Истовремено е семеен човек кој се бори за силните семејни вредности. Со сопругата Софи Грегори се запознава уште како дете, кога растеле во Монтреал. Таа била другарка на неговиот најмлад брат Мајкл. Повторно се сретнуваат 2003 година кога како телевизиски новинар добила задача да му биде домаќин на Џастин на добротворен бал. Врската ја почнуваат дури неколку месеци подоцна, во мај 2005 година стапуваат во брак и имаат три деца, Ксавиер Џејмс (10), Ела Грејс Маргрет (8) и Адриен Грегори (3).
По завршувањето на политичката кариера планира да се повлече засекогаш од јавниот живот. Но, вели, за тоа е уште рано, бидејќи и тој и неговата партија веруваат дека има да му понуди уште многу на светот. Исто како и неговиот татко многу години пред него.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот