Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

„Љубовта или ја има или ја нема. Но кога ја има, се познава по нејзината неизмерност.“- Оноре де Балзак

325
Прегледи
Сподели на фејсбук

Оноре де Балзак роден 20 мај 1799, починал 18 август 1850 бил француски писател на романи и драми. За негово капитално дело се смета збирката романи Човечка комедија, која раскажува за животот во Франција по заминувањето на Наполеон. Се смета за еден од предводниците на реализмот во европската литература, поради портретирањето на општеството такво какво е, и ликовите кои имале сложен морален фоторобот. Дури и споредните ликови биле карактерно повеќеслојни, со етички двојби, и целосно очовечени. Неговите дела влијаеле врз многу писатели, како Емил Зола, Чарлс Дикенс, Гистав Флобер, Хенри Џејмс и филозофот Фридрих Енгелс. Многу од романите на Балзак биле филмски преработени.

Иако бил љубител на книгите како дете, имал проблеми со помнење на лекциите на училиште. По завршување на факултет, работел како приправник во адвокатска канцеларија, но се откажал од правото бидејќи ја сметал таа професија за премногу рутинирана и нечовечна. Пред да стане писател, се обидел како издавач, печатар, новинар, и литературен критичар, но безуспешно. Дел од неговото животно искуство е вклучено во Човечката комедија. Балзак често имал здравствени проблеми, најверојатно поради постојаната работа врз романите. Односите со семејството му биле затегнати поради лични и финансиски проблеми. Во 1850 се оженил со полската грофица Евелина Ханска, а починал пет месеци подоцна.
Неколку цитати од познатиот автор:

„Човекот треба да верува во бракот како во бесмртноста на душата.“

„ Љубовта е поезија на сетилата.“

„Ниту еден човек не треба да се ожени додека не научи анатомија и нема сецирано најмалку една жена.“

„Добриот сопруг никогаш не заспива прв навечер и никогаш не се буди последен наутро.“

„Колку повеќе судите, толку помалку сакате.“

„Лесно е да се фаќаат забелешки. Тешко е да се преземе акција.“

„Кога жените сакаат, тие се спремни да простат се, дури и нашите злодела, но кога тие не не сакаат, не прифаќаат ништо, дури ни нашите доблести.“

„Мнозинството од мажи ме потсетуваат на орангутан кој пробува да свири на виолина.“

„Љубовта или ја има или ја нема. Но кога ја има, се познава по нејзината неизмерност.“

„Доблеста, можеби, не е ништо повеќе отколку љубезност на душата.“

„Природата може да создаде само глупави животни. Благодарејќи на општеството постојат будали луѓе.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Tags: авторделоживотмислионоре де балзакписателцитати
Претходен пост

Која е Присила Присли, жената на најпосакуваниот маж на сите времиња?

Следен пост

„Во борбата помеѓу тебе и светот, одбрани го светот.“ – Франц Кафка

Следен пост

„Во борбата помеѓу тебе и светот, одбрани го светот.“ - Франц Кафка

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.