Франц Кафка роден 3 јули 1883 во Прага – 3 јуни 1924 во Виена е еден од водечките писатели на германски јазик од XX век. Најголемиот дел од неговите дела биле објавени посмртно.
Кафка пишува за бирократијата, алиенацијата и немоќта на поединецот да влијае врз општествените случувања.
Врската со неговиот доминантен татко е честа тема во она што го пишува.
Општо е прифатено мислењето дека Кафка страдал од клиничка депресија и социјална анксиозност целиот свој живот. Страдал од мигрена, несоница, цревни заболувања, напади на бес и други оболувања создадени од прекумерен стрес и напор.
Ги објавил романите „Процес“, „Замок“ и „Америка“, збирката кратки раскази „Градењето на кинескиот ѕид“ и расказите „Метаморфози“. Самиот Кафка изразил желба да се спалат делата, затоа што не ги работел со книжевни намери. Можеме да му заблагодариме на неговиот пријател Макс Брод што тоа не е направено.
Книжевното дело на Кафка му припаѓа на германското експресионистичко движење. Врз него делувале делата на Сигмунд Фројд, а егзистенционалистите го сметаат за свој претходник. Пишувал со едноставна, речиси фактографска техника, изобилно употребувајќи ја филозофската и религиозната симболика, често на граница на алегорија. Неговиот логичен, збиен стил му овозможувал совршено природно да ги изнесува своите фантастични визии.
Во своите дела ја изложува идејата за бесплодноста и немоќта на човекот да ги сфати принципите и механизмот на светот. Малите луѓе кои се покоруваат без прашање, секогаш се во милост на „власта“, додека оние кои се бунат, се осудени.
Во прилог ви претставуваме неколку цитати од Франц Кафка:
„Се додека имате храна во устата, сте ги решиле сите животни прашања.“
„Оној кој ја негува способноста да гледа убавина, никогаш не старее.“
„Започни со она што е правилно, а не со она што е прифатливо.“
„Прв знак за тоа дека почнувате да ги разбирате нештата е желбата да умрете.“
„Господ ни дава семиња, но тој не им ја крши лушпата.“
„Зло е секоја дистракција.“
„Безделништвото е почеток на сите пороци, круна на сета доблест.“
„Вистински се спознавам себеси кога сум бескрајно несреќен.“
„Мојот страв е мојата субстанција и најверојатно најдобриот дел од мене.“
„Мојот водечки принцип е следниот: Вината е нешто во кое никогаш не треба да се сомневаш.“
„Најчесто е побезбедно чуството во окови отколку на слобода.“
„Во борбата помеѓу тебе и светот, одбрани го светот.“
„Злото може да го заведе човекот, но злото не може да постане човек.“
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот