Во светот постојат петмина кои имаат повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн.
Кои се тие?
1.Ainan Celeste Cawley – коефициент 263
За овој млад ирски генијалец проценката е 263. На 8 години слушал предавања од трета година на Сингапурскиот Универзитет за Политехника, а на 9 години ги меморирал првите 518 децимални броеви на Pi.
Исто така, тој е најмладиот студент кој некогаш ги положил напредните испити по предметите хемија и физика на истиот факултет. На 12 години, го напишал првото сценарио за краткометражниот филм Reflection. Денес, се бави со пишување на сценарија, режија, компонира музика, а науката е се уште една од неговите најголеми пасии.
2.Marilyn vos Savant – коефициент 228
Кога имала 10 години го соборила рекордот за висок коефициент, пресметан од Универзитетот Стенфорд, се до 1990 година, кога според нови истражувања, било објавено дека резултатите не се точни. Таа од 1986 година, има своја рубрика во весникот „Парада“ насловена како „Прашај ја Мерилин“ каде што одговара на филозофски и математички прашања од страна на читателите. Пишува книги и сценарија и држи предавања на факултетите низ Америка.
3.Sho Yano -коефициент 200
Американскиот лекар Sho Yano на само две години читал течно, пишувал на три, а на 4 години свирел класична музика на клавир. На 9 години се запишал на факултет, а на 12 дипломирал со сите почести. Додека наполнил 21 година, имал веќе објавено магистерски и докторски трудови. Денес работи како детски невролог.
4.Evangelos Katsioulis – коефициент 198
Тој ги има сите можно титули кои еден човек може да ги добие на факултет – тој е магистер, доктор по уметност, доктор по медицина и доктор по филозофија… Според Светската евиденција за генијалци, Евангелис има најтестиран и најчесто докажуван коефициент на интелигенција во светот.
5.Rick Rosner -коефициент од 192 do 198
Rick Rosner досега го има направено тестот за интелигнција повеќе од 30 пати, а резултатите се помеѓу 192 и 198, зависно од поединечните тестови. Пред да стане писател, тој работел како обезбедување, стриптиз и модел. Познат е во светот по тужбата која ја кренал против телевизсиката мрежа ABC, после поразот на квизот „Кој сака да биде милионер“, заради погрешно поставено прашање. За жал, парницата ја изгубил.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.