Во книжарниците на Издавачки центар ТРИ денес започнува Летниот фестивал на книгата. Под слоганот „Лето со мирис на книги“ во следните два месеца Фестивалот на ТРИ ќе донесе многу книжевни новитети, големи попусти на целокупната понуда на изданија, промоции, средби, награди и изненадувања за читателите.
И оваа година летната понуда во ТРИ ќе ги донесе најдобрите наслови во своите книжарници, но и на виртуелните полици на kniga.mk – попустите до 50 % ќе важат и онлајн и ќе бидат достапни од секаде и во секое време!
Покрај атрактивните попусти, во текот на целото лето ќе пристигнуваат ексклузивни нови изданија од домашната и светската книжевна сцена, наслови како „Надвор од редот“ од Џордан Питерсон, „Пчеларот од Алепо“ од Кристи Лефтери, „Половината што ми недостига“ од Брит Бенет, „Пачинко“ од Мин Чин Ли, „Трагачот“ од Тана Френч, сосема нов ПланУМ, како и нови книги од Рафаела Жордано, Ањес Мартен-Лиган, Малком Гладвел, Ерик Емануел Шмит, Харуки Мураками, Брајан Трејси, Дејл Карнеги.
Фестивалската понуда, покрај изданијата на ТРИ и Паблишер, опфаќа уште 11 други издавачи и повеќе од 600 наслови со попуст до 50 %, како и попусти до 80 % на класици и врвни изданија од светската книжевност кои се дел од акцијата 5 за 499 денари.
Целиот Фестивал ќе овозможи долго лето за сечиј вкус – затоа што секое лето во ТРИ мириса на незаборавни приказни!