Во време на социјална изолација, секој од нас бара начин како полесно и поедноставно да го издржи периодот кој е пред нас. На оваа тема, прашавме дел од нашите познати лица, блогерки и инфлуенсери како се справуваат и што прават во моментов:
„Да бидам искрена јас сум човек што повеќето време го поминува дома, па така оваа изолација не ми паѓа воопшто тешко. Искрено има многу работи што можеме да ги правиме дома.
Една од најбитните работи е поминување на времето со семејството, сигурна сум дека никогаш претходно не сте биле „заглавени“ толку време заедно 🙂
Нешто што јас го правам е готвење, не само сега, но сега е посебно интересно. Потоа си средувам низ дома, низ двор, правам се она за што инаку би немала толку време да го направам. Па со тоа да бидам искрена јас многу убаво си го поминувам времето дома.
Се надевам дека и на вас ви е барем малку забавно и имате што да правите, посакувам побрзо да заврши ова, чувајте се и седете си дома!“
-Ксенија Деспотоска
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.