Во време на социјална изолација, секој од нас бара начин како полесно и поедноставно да го издржи периодот кој е пред нас. На оваа тема, прашавме дел од нашите познати лица, блогерки и инфлуенсери како се справуваат и што прават во моментов:
„Живееме еден несакан и неочекуван период од нашите животи. Период на едно поинакво секојдневие, поинакво темпо на живот и за жал поинакво расположение во нашето опкружување.
Притоа уште понеизвесен е моментот на надминување на ваквата состојба.
Јас како личност одговорна за своето, но и за општественото здравје, со најголема сериозност и одговорност и приоѓам на затекната ситуација, и ги применувам сите посочени мерки за заштита и спречување на ширење на вирусот. Исто пробувам и да напоменам на моите следбеници, колку е важно да останеме дома и сите заедно да придонесеме за оваа несакана ситуација да заврши побрзо.
Додека мојата работа како блогер налагаше најголем дел од денот поминат надвор од домот поради сликање, состаноци, настани.. сега веќе рутината се смени.
Излегувањето од дома е сведено главно на набавка на основни намирници за секојдневна потреба во најблискиот маркет и кратки прошетки на моето милениче.“
–Ангела Ѓоргиева
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.