Готвењето дома никогаш не било позабавно. Сега, имаме време да посветиме повеќе време во кујната, внимателно да ги одбереме состојките и да додадеме доза креативност за сето тоа да изгледа прекрасно на нашата трпеза.
Ги издвоивме овие три инстаграм профили како најинспиративни, бидејќи покрај тоа што објавите изгледаат неодоливо привлечни, состојките со кои се зготвени специјалитетите се 100% здрави и хранливи.
Креаторите на овие профили на објавите им даваат живот со тоа што секоја објава има своја приказна и допира до следачите.
Под секоја објава можете да го прочитате и рецептот, да научите по нешто ново и да го искористите периодот во самоизолација за да подготвите вкусно јадење за своето семејство.
Студентка по Диететика, која слободното време максимално го вложува во изучување на храната и се што таа содржи. Ги има потребните одговори на тема калории, протеини, маснотии и слично, а сето тоа го комбинира и со редовно вежбање за да го одржи своето здравје во најдобра форма.
Нејзиниот инстаграм профил ќе посакате да го изедете со очи, бидејќи буквално секоја порција изгледа неодоливо вкусна од солени, до благи рецепти.
Уште еден профил полн со оброци направени од здрави и хранливи состојки, сервирани на креативен начин. На оние што се уште не им се отвори апетит, по профилот на Стефанија сигурно ќе ги засукаат ракавите и ќе си зготват по некој од овие рецепти.
Девојката позади овој профил води и презентира здрав начин на живот и ни покажува дека доволно е само малку повеќе волја и сите можеме лесно да се прилагодиме на таков начин на живот.
Како да го натераш детето да јаде здрава храна, па дури и брокула? Посети го профилот Вкусни приказни на инстаграм и таму ќе ги најдеш сите одговори. Се што ви е потребно е имагинација, а овој профил е одлично место од каде можете да соберете по некоја декоративна идеја.
Креаторката која се крие зад овој блог, често споделува што е она што им го подготвува на децата да го јадат, а позади секој оброк обавезно се крие и по некоја интересна приказна зачинета со детска невиност.