Кожувчанка ДОО е компанија која секогаш е во чекор со светските трендови, пласирајќи ги
новитетите на нашиот Македонски пазар.
Нашата следна инвестиција е имплементација на комплетно нова производствена линија по
најсовремена технологија за производство на лименки на која ќе се произведуваат сите наши
брендови со исклучок на водите, па веќе од месец јули ќе може да се најдат на пазарот.
Оваа година компанијата може да се пофали со следните новитети за која што инвестиција
се издвоени 715 000 евра.
Sinalco газираните пијалаци од ова лето ќе може да се консумираат и во лименка.
Кожувчанка ДОО се одлучи на овој потег се’ со цел задоволувајќи ги потребите и барањата
на своите потрошувачи кои се се’ во поголем број потрошувачи на газираните пијалаци
Sinalco.
Sinalco Ice tea исто така сега е во нова амбалажа- лименка и негазираните природни густи
сокови од палетата на Sinetta, додека и понатаму останува со производство и енергетскиот
пијалак Energi’s.
Со овој проект Македонија е прва во светот консументи на Sinalco која што ќе има
производство на Ice Tea и Sinetta во лименка, факт на кој што сме особено горди.
Новитет исто и за љубителите на алкохолните пијалаци поточно пивото сега ќе имаат
можност да го консумираат новото непастеризирано, ладно филтрирано Lifer Beer во
лименка , како и Наше Македонско Светло пиво.
Кожувчанка ДОО се труди и работи, најавува новитети и поставува стандарди на нашиот
пазар грижејќи се секогаш за своите потрошувачи и нивните потреби.