Ова прашање е секогаш актуелно помеѓу жените кои сакаат да останат во блажена состојба, кога им се плодни денови и колку долго траат тие. Погледнете што се би требало да знаете за оволуција и плодни денови.
Нормалниот менструален циклус трае од 21 до 35 ден. Овулацијата се случува еднаш во текот на овој период а можноста за зачнување постои некои 6 дена. Издвојуваме неколку важни информации за вас
Колку долго трае овулација?
Жената овулира од 24 до 48 часа во текот на секој менструален циклус.
Овулација се случува кога лутеинизирачкиот хормон почнува повеќе да се ослободува. Доаѓа до пукање на фолекул во јајникот и зрелата јајце ќелија се ослободува. Таа доаѓа до матката, каде може да биде оплодена, а останува жива во период од 24 до 48 часа.
Кога можам да забременам?
Важно е да знаете дека тој период не е единствен кога може да останете бремена. Спермазоидите можат да останат живи и пет дена во женскиот репродуктивен тракт, со тоа и односот пред неколку дена пред овулација можат да доведат до посакуваното зачнување.
Доколку посакувате да добиете бебе, Dr Polak предложува што почесто односи во овој период од 6 дена „Многу парови целат точно на овулација, и тогаш го прескокнуваат тој плоден период„, истакнува докторот.
Запомнете – шансите да останете во блажена состојба се најголеми на денот на овулација и три дена пред тоа.
Кога доаѓа до овулација?
Жените овулираат 14 дена пред месечниот циклус. На пример, жена со просечен циклус од 28 дена пред овулирани 14 дена а плоден период ќе биде од 9 до 14 ден. Доколку циклусот, на пример, трае 30 дена, овулацијата ќе се појави 16 ден, па плодниот период ќе биде од 11 до 16 ден. Секоја жена овулира различно, затоа на тие бројки не можете сто процентно да се потпрете.
Дали можете повеќе пати да овулирате во текот на циклусот?
Жената овулира еднаш во текот на циклусот. Сепак некогаш се случува жената да ослободи повеќе зрели јајце ќелии во периодот на овулација. Ако тие се оплодат може да дојде до зачнување на близнаци.
Исто така се случува жената воопшто да не овулира- што најчесто се јавува кај синдромот на полицистични јајници (PCOS).Не можете да зачнете доколку не овулирате затоа би било потребно да се консултирате со доктор за се што ве загрижува. Доколку после година дена не успеете да зачнете (или после 6 месеци ако имате над 35 години), важно е да се обратите на стручно лице.