Божиќ е еден од најголемите и значајни празници. Ова е време во годината кога е семејството заедно во хармонична и празнична атмосфера. Исто така, време кога се трошат најмногу пари. Во Америка, овој период од годината го сметаат за особено важен и вреден за вложување пари во Божиќни украси, декорации од секаков вид и секако, подароци.
Погледнете неколку интересни факти…
1. Минатата година во Америка за Божиќ биле потрошени 1 трилион долари.
2. 28,8% од американците го започнуваат Божиќниот шопинг во ноември.
3. 62% од американците купуваат подароци една недела пред Божиќната ноќ.
4. 46% од луѓето излажале дека им се допаднал подарокот.
5. 32,3% од мажите изјавиле дека сакаат подарок ваучер за Божиќ.
6. 47,4% од жените изјавиле дека сакаат накит за подарок.
7. 60% од американците преферираат да купуваат онлајн за Божиќ.
8. 23% од луѓето во Америка се ослонуваат на социјалните мрежи за да одлучат што е најдобро да купат.
9. Во 2018 година, во Божиќниот период просечно биле потрошени 1,536 долари од човек.
10. 61% од луѓето би споделиле лични информации за да добијат подобaр попуст.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.