Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Која е Присила Присли, жената на најпосакуваниот маж на сите времиња?

147
Прегледи
Сподели на фејсбук

Присила Присли е жената која светот ја запозна како младата сопруга на Елвис Присли, кралот на музиката. Додека девојките воздивнуваа по него, тој беше во врска со неа, а брзо потоа ја побара за жена.

Еден од омилените парови во тоа време биле токму тие – Елвис и Присила. Тој откако се раздели од својата голема љубов, напиша и песна, “Always on my mind”,каде ги отпеа грешките кои ги направил, а светот ја прогласи за нивна љубовна химна која и ден денес се слуша.

Но која била всушност г-ѓа Присли?

Таа е родена на мај на 24 мај 1945 година. Има норвешко потекло, нејзиниот дедо Алеберт Хенри Иверсен во Норвешка во 1899 година, но подоцна емигрирал во Соединетите Американски Држави каде се оженил со бабата на Присила Лорејн. Тие имале само едно дете, Ана Лилиан Иверсен, мајката на Присила.

Таа не го запознала биолошкиот татко бидејќи кога имала само шест месеци загинал во авионска несреќа, бил пилот. Единствениот татко на кој се сеќава е очувот Пол, со кого нејзината мајка била во брак.

Често се селеле, а еден период од животот живееле во Германија, каде всушност таа се запознала со идниот сопруг.

tumblr_nd51nguSz71sgkw9so1_1280

Средбата се случила на 13 септември 1959 година за време на забава во домот на Елвис во Германија додека тој го отслужувал воениот рок. Додека тој бил во Германија тие постојано биле во контакт, а односот малку се изладил кога тој се вратил во Грејсленд, посебно кога до Присила допреле гласините дека Елвис е во врска со Ненси Синатра.

Priscilla-Presley-and-Elvis-Presley

Но, сепак продолжиле да се слушаат телефонски, а во 1963 година Присила конечно добила дозвола од родителите да се пресели во Америка. Во 1966 година, тој ја запросил, свадбата се случила на 1 мај 1967 година, а нивната ќерка Лиса Мари се родила во февруари 1968 година.

fdf824faed5fc8715ab674f3ff2b054f

Останатото е историја на една голема љубов видена преку очите на светската јавност. Засекогаш ќе остане запаметена нивната врска и брак, а фановите никогаш нема да му простат за тоа што ја изгуби жената на неговиот живот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

„Отсекогаш сум очекувала многу од себеси.“ -Скарлет Јохансон

Следен пост

„Љубовта или ја има или ја нема. Но кога ја има, се познава по нејзината неизмерност.“- Оноре де Балзак

Следен пост

„Љубовта или ја има или ја нема. Но кога ја има, се познава по нејзината неизмерност.“- Оноре де Балзак

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.