Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Која е Ивана Трамп, првата сопруга на Претседателот на Америка?

121
Прегледи
Сподели на фејсбук

Доналд Трамп минатата недела и официјално стана 45 американски претседател. Каде и да отворите овие денови, постојано е во фокусот на вниманието тој како политичар и бизнисмен, но и неговиот приватен живот, сопругата Меланија, децата и неговото минато генерално.

А таму некаде во минатото се наоѓа и првата сопруга на Трамп, Ивана која има потекло од Чешка. Се чини дека тој има склоност кон жените со словенско потекло, судејќи по фактот што и сегашната сопруга и Прва дама, Меланија е од Словенија.

 

Која е Ивана Трамп?

Ивана е поранешна олимписка спортиска, жена од џет сетот и модел. Таа кога била дете се занимавала со скијање, а образованието го завршила на Фaкултетот за физичка култура при Универзитетот Чарлс во Прага, каде била на студии.

Во 1975 година таа ја напуштиla Чехословачка и заминala во Канада, кај свој пријател од детството, Џорџ Суроватка, кој бил сопственик на продавница за скијачка опрема. Следните две години живее во Монтреал и работи како модел за некои од канадските врви кожни компании. Во 1976 година се разведува од првиот сопруг Алфред Винклмаер, се сели во Њујорк  каде го запознава Доналд Трамп.

Ивана за време на бракот со Доналд има три деца, синовите Доналд и Ерик и ќерката Иванка. Бракот со богатиот бизнисмен и траел 13 години, се до моментот кога открила за неговата афера со Марла Мејплс. Заради тоа, Ивана покренува бракоразводна парница на која сведочи целиот свет. Бракот официјално завршил во 1992 година со спогодба која и одела во прилог на Ивана. Според списанието Vanity Fair, таа добила 14 милиони готовина, стан во „Трамп Плаза“, имот во Конектикат и дел од домот во Флорида.

После бракот со Трамп, Ивана имала уште два брака, еден со Рикардо Мазукели со кого се развела после 2 години.

Другиот брак и бил со Росано Рубиконди, со кој се развела после една година брак.

За време на брачната кариера, таа напоредно ја гради и професионалната кариера, но статусот на селебрити жена. Учествувала и во реално шоу, а се појавува и во холивудската комедија “The First Wives Club”. Во тоа време создала и сопствена линија на козметика и накит.

Нејзината финансиска моќ денес е проценета на 60 милиони долари.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Претходен пост

Инстаграм зимска инспирација

Следен пост

Најпознатиот филмски каубој, Џон Вејн

Следен пост

Најпознатиот филмски каубој, Џон Вејн

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.