Има личности кои штом ги здогледате веднаш знаете дека се создадени за тоа што го работат. Нивниот ѕвезден прав се забележува, иако сè уште немаат достигнато голема популарност.
Светот така размислува, односно размислуваше за Блејк Лајви, која откако се појави во филмот „The Sisterhood of the Traveling Pants“, покрај Америка Ферера и Алексис Блејдел, нејзината кариера беше „осудена“ да се движи по нагорна линија.
Пред да ја има првата посериозна филмска улога, таа ја почнува кариерата на возраст од 10 години, во 1998 година во филмот „ Sandman “ во режија на нејзиниот татко. Во 2005 ја игра Бриџит во адаптацијата на новелата со ист наслов „The Sisterhood of the Traveling Pants“ кој и носи номинација за награда од Teen Choice. Во 2006 година се појавува покрај Џастин Лонг во „Accepted “, а има и минорна улога во хоророт Simon Says. Во 2007 година ја толкува улогата на Анабел, девојка болна од булимија во филмот „Elvis and Anabelle“, за кој критичарите ќе оценат дека тоа е улогата која ќе и даде можност да се пробие повисоко на актерското скалило.
За оваа улога таа ќе изјави дека била голем предизвик бидејќи морала да намали на килажа, а тоа е тешкотија со оглед на фактот дека за неа број 1 уживање е храната.
Во овој период почнува и снимањето на мега популарната серија „Gossip Girl“ каде таа ја толкува Серена, богата девојка околу која се врти целото дејствие. Серијата трае 6 сезони, до 2012 година.
Во меѓувреме, го снима продолжението на филмот „The Sisterhood of the Traveling Pants 2“, следат New York, I Love You, The Private Lives of Pippa Lee, The Town, Green Lantern, Hick, Savages, The Age of Adaline за кој имаше одлични критики, Café Society, The Shallows, All I See Is You…
Што се однесува до приватниот живот, таа е родена на 25 август 1987 година во Тарзана, предградието на Лос Анџелес. Ќерка е на актерот Ерни Лајвли и Елејн Лајвли чија професија била пронаоѓање на таленти. Блејк го носи името на братот на нејзината баба. Има еден повозрасен брат, Ерик, две полусестри, Лори и Робин и полубратот Џејсон кои се дел од забавната индустрија исто така.
Блејк Лајви во 2010 година за време на снимањето на филмот „Green Lantern“ го запозна Рајан Рејнолдс, со кого започна врска во 2011 година. Двајцата во јуни 2012 година купија заеднички дом Њујорк, а врската ја официјализираа со брак во септември 2012 година во Јужна Каролина. Имаат две ќерки, едната ја добија во декември 2014, а другата дојде на свет во септември 2016 година.
Медиумите постојано објавуваат фотографии од нив двајца, тие во моментот важат за најомилениот брачен пар во Холивуд, а Рајан постојано го потвредува тоа со љубовните изјави кој сопругата на неговите јавни настапи.
Инаку, минатата година магазинот Вог објави текст каде пишуваше за работите кои не сте ги знаеле за оваа актерка меѓу кои пишуваше дека нејзин идол била Марта Стујарт, која ја смета за ‘мајка’ на сите добри работи кои се случуваат во светот.
Иако е порасната во актерско семејство, таа растела сонувајќи да студира на Универзитет Стенфорд, никогаш немала некоја посебна амбиција да успее во Холивуд.
Откако ја глуми Бриџит во „The Sisterhood of the Traveling Pants“, нејзините фанови се собираат и агитираат таа да ја добие улогата на Серена во „Gossip Girl“. Постапка која вроди со плод, бидејќи 6 сезони, Лајвли беше „it“ девојката во серијата.
Оваа актерка никогаш не пие и не е фан на жестоки пијалаци.
Таа е фан на играта Guitar Hero, а две години пред да го запознае Рајан, изјави дека би била среќна ако пронајде партнер кој ќе ја дели истата пасија како неа. Рајан Рејнолдс е апсолутен фан на оваа видео игра, желба кој очигледно ѝ се остварила.
Блејк Лајвли важи и за стилска икона во Холивуд, а посебно беше истакнат нејзиниот вкус за мода во нејзината втора бременост.
За крај, погледнете ја галеријата со фотографии од оваа актерка по која воздивнува светот: