Грејс Кели е актерката за која целиот свет знае дека после неколку успешни филмови во Холивуд стана принцезата од Монако откако се омажи за принцот Рение III.
Но кои се останатите холивудски имиња кои имаат поврзаност со некое од светските кралски семејства:
Сер Кристофер Ли е актер кој доминираше на сцената пред многу години. Љубителите на фантастични авантури сигурно ќе го препознаат како Белиот волшебник Саруман од трилогијата „Господар да прстените“. Ли е всушност потомок на Чарлс Велики, еден од најпознатите владетели на Светата Римска Империја кој владеел во 1500-та година
Хилари Даф, поранешната Дизни ѕвезда се прослави низ светот благодарение ана многуте телевизиски и филмски проекти кои што ги работеше низ годините. Но, тоа што веројатно не го знаете е дека таа е 18 братучетка на кралицата Елизабета II, двете делат ист предок со Едвард Трети.
Џесика Честеин, ѕвездата на филмовите Zero Dark Thirty и The Martian има слична приказна како Грејс Кели. Таа неодамна се омажи за Жан Лука Де Препосулио, гроф и член на една од најпознатите италијански аристократски семејства чија историја е уште од 973. година.
Роберт Патинсон, главната ѕвезда од трилогијата Twilight, има семејни врски со романскиот владател Гроф Влад Тепес, кој е всушност инспирацијата за создавање на ликот на грофот Дракула.
Дајан фон Фурстенберг, познатата креторка во 1969 година се омажи за германскиот принц Егон од Фурстенберг. За жал, бракот не траеше долго, но модната икона сепак си го задржа звучното презиме.
Анџелина Џоли, покрај тоа што е на А-листата на холивудски актерки и е една од најпознатите жени која што се занимава со хуманитарна работа, таа исто така е 28ма братучетка на кралицата Елизабета преку Мари од Франција, која пак е ќерка на кралот Филип Втори од Франција.
Бред Пит е дел од семејната лоза на кралот Хенри Втори, кој управувал со Англија од 1154 до 1189 година.
Братот и сестрата имаат семејни врски со Хенри Трети, владетел на Англија од 1327 до 1377 година. Ова ги прави и 19-ти братучеди на кралицата Елизабета.
Хју Грант е директен потомок на првиот монарх на Куќата на Тудорите, на кралот Хенри Седми. Тој исто така е потомок на Џејмс Четврти, кралот на Шкотска од 1488 до 1513 година.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.