Сите ние имаме моменти кога ни се чини невозможно да направиме еден чекор понатаму, да продолжиме каде што сме застанале, да ја кренеме главата и да ја побараме зацртаната цел.
Тоа се оние моменти кога ќе изгубиме блиска личност. Некои од нив си заминуваат по своја волја, на другата страна од светот, а другите ги губиме засекогаш. Ова се најтешките ситуации со кои секој човек се соочува.
Деновите кога наместо со насмевка и свежина на лицето, се будиме со тага и тежина во нозете, се последица на несреќата која се случила претходната ноќ, претходниот, ден, месец, година.
КОГА ЌЕ ТИ БИДЕ НАЈТЕШКО, СЕТИ СЕ ЧИЈА ЌЕРКА СИ
Тоа се моменти кога душата не боли, кога плачеме на цел глас, а сепак никој не може да нè слушне. Малото дете во секој од нас е будно бидејќи кошмарите траат вечно.
Денот станува долг и напорен, луѓето околу нас неподносливи, а кругот бесконечен.
Има една мисла која дава сила во вакви моменти – „кога ќе ти биде најтешко, сети се чија ќерка си“.
Сети се на сите совети од твоите родители, на лекциите кои ти ги кажуваат кога беше мала, на поддршката која ја имаше кога ќе паднеше и ќе го удреше коленото, на зборовите кои беа утеха кога некој ќе те навредеше на улица…
Сети се како твојата мајка те учеше да бидеш личност со емоции и разбирање за секого, благодарение на што ти ја доби моќта да расудуваш како што треба во животот.
Таа те научи дека секоја солза има вредност, затоа не ги троши залудно.
Твојот став и живот е еднакво важен како на сите други.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.