Олимпијада, мајка на славен научник од Идвор, која верувала дека нејзиниот син е дар од Бог и го учела дека знаењето е златен лилјан што води до небото. Била неписмена, но борбена, морална, силна и многу побожна.
Жена која го одгледала човекот што го пронашол системот на повеќекратна фотографија и ги открил секундарните рендгенски зраци, Михајло Пупин.
За истата таа жена пишувал Жика Марковиќ во книгата „Познати жени од Србија“ – Олимпијада Пупин. Нејзиниот син Михајло и ја препишува неа цела заслуга за постигнатиот успех.
Олимпијада всушност потекнува од брегот на Охридското езеро, но на рана возраст се преселила во Банат. Кога се омажила со Коста Пупин се преселила во Идвор. По неколку неуспешни обиди да остане бремена, раѓањето на Михајло бил вистински подарок од Бога.
Оваа храбра и способна мајка, столб на семејството, како што Коча Јончиќ еднаш напишал: „била неписмена, но многу борбена и морално силна жена – посветена на верата. Успеала да излезе подалеку од своето место на живеење и да види други светови додека го придружувала својот син на својот животен пат, го упатувала на вистинскиот пат и го поттикнувала на извонреден развој.“
Како многу побожна жена, најмногу го почитувала Св.Сава бидејќи ја истакнувал писменоста и вредноста на книгите. Била голем заљубеник во иконите, но не сака нејзиниот син да стане монах, туку научник. Затоа го упатила и воспитала во тој правец.
Еден од најпознатите совети кои таа ги дала на својот син Михајло гласи: „Знаење – тоа е златен лилјан преку кој се оди на небото, знаењето е светлост која го осветлува нашиот пат низ животот и не води во свет полн со вечна слава.“
Михајло ја сметал својата мајка за најголемиот учител кој некогаш го имал. Секаде и секому гордо зборувал за неа, нејзината мудрост и совети, лекции за малите нешта, лебот кој го правела… Кога изгледало невозможно неговото понатамошно образование, поради разни кризи во државата, таа го охрабрувала и секојдневно се молела за него.
Големиот научник прв пат за Америка слушнал токму од својата мајка, која велела дека Франклин бил помудар од сите мудреци во Идвор. Кога прв пат го допрел тлото на Америка, бил исплашен, но подоцна признал дека цврстата верба во Бог и уверувањето дека молитвите на неговата мајка ќе бидат чуени, му дале сила да го совлада стравот.
Со дипломата од Колумбискиот Универзитет, тој веднаш се вратил дома за да ја израдува својата мајка, која заплакала кога го видела. Тогаш веќе бил голем ”мудрец”, но и рекол дека пред неа се чувствува толку мал, беспомошен, а притоа најсреќен на светот.
Пупин на својата мајка и препишал се што постигнал во животот !
Ја исполнил нејзината најголема желба – од Америка се вратил со богато знаење и академска почестеност, а на Кембриџ го испратила со зборовите дека е тоа голем храм посветен на потрагата за вечна вистина, исполнет со слики од светци на науките.
Дента кога добил писмо дека неговата мајка починала, Михајло си ветил дека ќе го зачува нејзиниот спомен, па после три децении Српската академија на науки објавила дека приходот од фондациите посветени на споменот на Олимпијада Пупин ќе бидат искористени за сиромашните деца во тогашната Стара Србија и Македонија, за да се помогне во нивното образование – бидејќи ако некој верувал во важноста на образованието, тоа била таа.
Извор: family.rs
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.