Познатите личности, покрај своите способности и таленти се познати по неверојатниот добар изглед. Тие вообичаено се најатрактивните во било која просторија.
Но, тоа може да се промени кога ќе добијат дете. Не, не мислиме дека степенот на нивната убавина се намалил, туку едноставно тоа е доказ дека гените се чудесна појава.
Овие славни деца со право го заземаат нивното место…
Кендал Џенер
Не постои личност што не чула за кланот Кардашијан, тие се едноставно насекаде. Фактот дека Кендал изгледа поубаво од своите родители е очигледен. Доволен е еден поглед кон Крис и Брус (сега веќе Кејтлин) Џенер, за да ја забележиме разликата.
Генерално, сите Кардашијан деца изгледаат прекрасно, но мора да признаеме дека Кендал едноставно се двои и покрај нејзиното име, убавината ја направи нејзината кариера како модел многу успешна и таа моментално е една од најплатените модели во светот.
Џиџи Хадид
Ќерката на поранешниот модел Јоланда Хадид, го има извлечено најдоброто од својата мајка. Џиџи го освои модниот свет и постигна поголема слава од мајка си на своите 22 години. Taa e заштитно лице на Maybelline – еден од најголемите брендови во светот. Нејзиниот татко Мухамед Хадид е познат милионер и инвеститор.
Каја Џордан Гербер
Се сеќавате на Синди Крофорд? Секако дека да. Таа е апсолутно прекрасна и веќе неколку децении успешен модел. Покрај тоа, медиумите веќе и ретко да ја спомнуваат, освен ако не е во контекст на нејзината ќерка Каја, која уште на рана возраст го привлекла вниманието на големи имиња од светот на модата. На само 15 години таа стана заштитно лице на Marc Jacobs, a ако не прашувате нас – сосема заслужено !
Иреланд Болдвин
Со самото тоа што е ќерка на две познати славни лица, таа е со предиспозиции да изгледа прекрасно. Нејзини родители се моделот и актерка Ким Бесингер и актерот Алек Болдвин – луѓе кои заедно ја креирале убавината со име Иреланд, која веќе неколку години е модел и работи за неколку топ агенции.
Џорџија Меј Џегер
Кога вашиот татко е симбол на атрактивност, а вашата мајка е модел, притисокот за да изгледате убаво мора да е многу стресен.
За среќа на Џорџија, ќерката на Мик Џегер и Џери Хол, не треба да вложи многу напор.
Откако влезе во светот на модата, таа стана една од ретките модели што се константно ангажирани. Таа беше заштитно лице на Hudson Jeans повеќе од 5 години и моментално е заштитно лице на Rimmel London од 2009та година. Има соработувано со топ брендови како Chanel, Mugler и Versace.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот