LVMH – Компанијата во чија сопственост се брендовите Louis Vuitton, Christian Dior, Givenchy, Moet и Hennessy, изјави дека три од најголемите фабрики за производство на парфеми, ќе произведуваат гелови за дезинфекција, како мерка за заштита од корона вирусот.
Почнувајќи од денес, на местата каде се произведува козметиката на Guerlain, Dior и Givenchy, ќе се започне со производство на алкохолни гелови кои ќе се дистрибуираат до француските здравствени установи БЕСПЛАТНО.
Луксузната компанија исто така потврди дека планира да продолжи да ја почитува оваа одлука онолку колку што е потребно, со надеж дека и останатите поголеми компании ќе се посветат на обезбедување практична и суштинска поддршка за да се запре ширењето на корона вирусот што е можно поскоро.
Извор: elle.com
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.