Откако Венеција беше ставена во карантин поради ширењето на инфекција со коронавирус, градот стана многу почист. На страницата Venezia Pulita / Clean Venice можете да видите фотографии со кои се потврдуваат промените во градот.
„Природата го враќа својот простор“, се вели во насловот на видеото, каде можете да видите многу мали риби што се појавиле во венецијанските канали. Фотографиите кои почнаа да се појавуваат на Интернет покажуваат лебеди и големи риби, како и јата птици кои се враќаат во градот.
Да се потсетиме дека во Кина, за време на социјалната изолација беше забележано подобрување на животната средина заради исклучување на производството.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.