Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

КАКВО МИЛЕНИЧЕ ТРЕБА ДА ЧУВАТЕ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ?

73
Споделувања
1.2k
Прегледи
Сподели на фејсбук

Сакате да чувате домашно милениче, но се двоиумите дали тоа да биде куче, маче или можеби нешто друго?

Астрологијата ви нуди одговор и на ова прашање.

Според карактеристиките, погледнете кое домашно милениче е идеално за вашиот хороскопски знак.

1. ОВЕН
За овој огнен хороскопски знак, совршено милениче е куче. Не чекајте, уште денес вдомете некое мало, слатко кученце кое ќе ви пружи мир и спокој во секојдневието и ќе ве облева со љубов секоја секунда од денот.


2. БИК
За најголемите гурмани во зодијакот идеално домашно милениче е прасе. Доколку сте во можност да најдете мало прасе соодветно за да биде ваше домашно милениче, не се двоумете. Мора да признаете дека изгледаат неодоливо.

3. БЛИЗНАЦИ
Папагалот одлично би се вклопил со карактерот на близнаците, особено поради фактот дека тие обожаваат да зборуваат.

4. РАК
Мачката е дифинитивно животинската сродна душа на раковите. Тие се грижливи, сакаат да подарат многу внимание, па без проблем ќе го разгалат своето домашно милениче, а кој сака да биде повеќе гален од итрите мачиња?

5. ЛАВ
На лавовите им е потребно милениче кое ќе биде одраз на нивната сила и симбол на нивното благородништво. Има ли за нив посовршено животно од прекрасниот коњ?

6. ДЕВИЦА
Девиците се најпедантните знаци во зодијакот, па со оглед на тоа дека би полуделе во несредена и хаотична просторија, совршен домашен миленик за нив е риба (или полн аквариум). Тие би уживале да ги гледаат по цел ден и без сомнеж прекрасно би се грижеле за нив.


7. ВАГА
Гулабот е симбол на мир и хармонија, а вагата се стреми токму кон тоа. Вагата сака се што е убаво, па потребна ли е дополнителна причина?

8. ШКОРПИЈА
Змијата е митско суштество и делува мистериозно и недопирливо. Да, овие карактеристики потсетуваат на луѓето што се родени во знакот на шкорпија. Иако чувањето змија дома може да звучи страшно, сепак во светот не е невообичаена појава и може да биде навистина уникатно и интересно искуство.


9. СТРЕЛЕЦ
Девиците се авантуристи и не остануваат долго на едно место. Тие се често отсутни од дома, па потребно им е милениче на кое не му треба секојдневна грижа, како што е желката.


10. ЈАРЕЦ

Како се останато во животот на јарецот, така и животното е симбол на статус. Кое животно и да го изберат би било совршено се додека е чистокрвно и со ”висок углед”.

11. ВОДОЛИЈА
Водолиите најмногу ја ценат својата слобода и тие не се карактери кои сакаат да се обврзуваат. Сепак, љубовта кон животните е посилна од нив па најдобар начин за да останат задоволни е да се грижат за напуштените кучиња или мачиња кои немаат дом, без да ги вдомат. Тие секојдневно би ги хранеле и би поминале час-два во нивно друштво.

12. РИБИ
Ако постои животно што е подеднакво мило и нежно како рибите, тоа е зајакот. Тие заедно би создале незаборавни моменти исполнети со галење и нежности.

При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

ТРИ СЕКС ПОЗИ КОИ ГО ПОДОБРУВААТ ЗДРАВЈЕТО

Следен пост

ЉУБОВ БЕЗ РОК НА ТРАЕЊЕ: БАЈКА ИЛИ РЕАЛНОСТ?

Следен пост

ЉУБОВ БЕЗ РОК НА ТРАЕЊЕ: БАЈКА ИЛИ РЕАЛНОСТ?

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.