За разлика од времето на нашите баби и дедовци, живееме во време кога врските имаат краток рок на траење. Но, тоа не треба да ве разочарува, бидејќи секој од нас може да направи љубовната врска да трае долго, многу долго… Само треба да научите неколку основни лекции кои ќе ви помогнат вашата врска да трае засекогаш.
Секогаш подржувајте се еден со друг. Без разлика на тоа со каков проблем се соочувате, мал или огромен.
Спијте прегрнати.
Не се обвинувајте еден со друг. Не го барајте виновникот, туку решението за проблемот.
И вам и на вашиот партнер ви треба време кое ќе го поминувате сами или со пријателите. Тој замина да гледа фудбал со другарите? Супер, конечно имате неколку часа за да ја дочитате омилената книга или да одите на масажа.
Важно е да најдете компромис. На крајот од денот, не е важно кој што направил, кој за што бил попустлив или кој водел поголем инает. Важно е да заспиете среќни и спокојни.
Грижете се за вашата сродна душа. Секогаш, а не само кога таа е настината.
Верувајте еден во друг.
Важно е да простувате. Држењето на лутина не носи ништо добро за вашиот однос.
Верувајте во соништата на вашиот сакан или сакана. Помогнете му/и да ги направи реалност.
Делете комплименти, секојдневно!
Споделувајте ги мислите, стравовите, грижите, плановите. Комуникацијата е од клучно значење за да имате здрава и среќна врска.
Никогаш не се откажувајте од битката да имате долга и среќна врска. Бидејќи нема поубава глетка на светот од онаа кога гледаме двајца страци кои сè уште се држат за рака и си делат погледи полни со љубов.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.