Годините се често пати само бројка, а убавината, ако се негува, останува вечна.
Доказ за ова се многуте актерки, модели, пејачки, ТВ презентерки, кои и покрај тоа што имаат преку 40, па и 50 години, изгледаат преубаво.
Погледнете ги овие дами на кои годините не им можат ништо.
Џенифер Лопез, 48
Актерката вели дека не се лишува од храна, но дека се храни здраво и дека не излегува од дома без здрава ужинка во чантата, во случај да ѝ се пријаде.
Џенифер Анистон, 48
Според Џенифер, не можете да бидете здрави, да изгледате добро и да имате убава кожа ако не се храните правилно и ако не пиете многу вода.
Кајли Миног, 49 години
Кајли вели дека не вежба, ама користи козметика која ја прави нејзината кожа витална и мазна.
Синди Крафорд, 51
Според една од најпопуларните манекенки во светот, заблуда е дека манекенките имаат убаво тело дадено од природата. Таа на себе работи многу – вежба, се храни здраво, пие многу вода и користи козметика која го забавува процесот на стареење.
Шерон Стоун, 59
Некогаш најзаводливата дама во Холивуд и денес изгледа младо и убаво. На нејзиното тело можат да ѝ позавидат голем број жени многу помлади од неа. Таа вели дека трикот е во самодовербата, па ако вие се чувствувате убаво, и другите ќе ве гледаат така.