Најмоќната жена во светот има докторат од областа на квантната физика, и е на чело на земјата со најмоќна економија во Европа. Тоа е Ангела Меркел, и скоро да нема опозиција во својот трет мандат како канцеларка. Ова се некои интересни факти од нејзиното минато, кои можеби не сте ги знаеле.
Ангела Каснер е родена во Хамбург, Западна Германија, на 17 јули 1954 година. Нејзини родители се Херлинд Каснер професорка по Англиски и Латински јазик, и Хорст Каснер, теолог и лутерански свештеник. Неколку недели по нејзиното раѓање, нејзиното семејство се преселува во Темплин, Источна Германија.
Перфекциониста по природа, таа била одличен ученик. Освојувала различни одличја и награди и имала највисоки оценки по математика, физика, хемија и странски јазици. Во нејзините тинејџерски денови, нејзините родители ја охрабриле да се зачлени во Комунистичката младинска организација, како би стекнала вештини потребни за кариера во политика.
Одлучила да запише студии по физика на Универзитетот во Лајпциг, каде и се запознала со колегата Улрих Меркел, за време на размена на студенти во Русија. Во 1977 година тие двајца се венчале, а наредната година таа дипломирала во областа на физика и физичка хемија.
Откако докторирала, таа се вработила како хемичарка во Академијата на науки. Во 1982 година се разведува од својот сопруг и се венчава со Јоаким Зауер, професор по хемија.
Во 1989 година влегува во партијата Демократско будење, каде и покрај скромниот почеток, само година дена покасно таа веќе станува одговорно лица за јавнст на партијата и го менува нејзиното име во Алијанса за Германија.
Нејзиниот пат до врвот е забрзан со преоѓањето во Христијански-демократската унија, каде Хелмут Кол, нејзиниот ментор и лидер на партијата и дал повеќе различни функции. Се додека таа не го поканила во 1999 година јавно да си поднесе оставка, по што сите дознале за неговите малверзации.
4 години покасно таа е избрана за лидер на Христијанско-демократската унија, со што станала прва жена во историјата на Германија која се нашла на чело на некоја политичка партија. Во кампањата се борела против Герхард Шредер, и станала популарна помеѓу граѓаните поради своето достоинствено држење.
“Луѓето често ме обвинуваат дека не реагирам доволно брзо, дека оставам работите да отидат премногу далеку. За мене, најважно е првин темелно да ги разгледам сите опции, добро да ги испитам сите можни сценарија, а не само да спроведувам теориски експерименти во својата глава. Меѓутоа, спремна сум да поминам доста време донесувајќи некоја одлука. Често за тоа размислувам и по цел ден. Се преиспитувам какви ефекти ќе има таа одлука, што всушност ќе значи, како ќе реагираат луѓето, што ќе напишат новинарите за тоа, кој и поради што ќе критикува…“, вели Меркел.
Таа исто така не го трпи мачоизмот на своите машки колеги. При нејзината прва посета на Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин и подарил мала плишана играчка-куче, откако дознал дека Меркел кон средината на 90-те ја има каснато куче. На следниот состанок, тој го повикал во канцеларијата свој црн пес Кони да им се придружи во канцеларијата. Меркел останала рамнофушна на овој потег, а покасно го објаснила како слабост.
Таа е и голем подржувач на Германската фудбалска репрезентација и на спортот во целина. Поради што Германскиот фудбалски тим и го дал прекарот “muttivation” што значи мотивација, а е изведено од зборот “mutti” што значи мајка.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.