Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Потресниот живот на актерката Џејми Ли Кертис

68
Прегледи
Сподели на фејсбук

Американската актерка Џејми Ли Кертис е лице од филмското платно кое последниве години како да го подзаборавија. Иако беше ѕвезда во 90-те, во последно време нема улога која го привлекува вниманието на јавноста. Таа вели дека Холивуд ја дискриминира на основа на годините, што не е за изненадување, бидејќи тоа се случува со години наназад.

Но, нејзиниот проблем не се годините, туку зависноста од дрога и алкохол кои влијае на кариерата на Кертис. Славната актерка со години имаше проблеми со опијатите, иако сега вели дека 18 години е трезна и ‘чиста’.

Уште во своите помлади денови се одлучила на пластична операција, односно мини хируршки зафат за подигнување на подочниците само заради коментар на еден од снимателите со кои соработувала кој и рекол дека има висечки кеси под очите.

После тоа, почнал пеколот.

“Станав зависна од дрога, се навлеков на лекови против болки после естетскиот зафат, а оваа зависност траеше наредните 10 години. Напорно работев само за да останам ‘чиста'” – изјавила таа американскиот магазин Daily Bliss.

Додава дека заедно со лековите против болки, чест пријател и бил алкохолот.

“Тоа е семејна болест. Моите родители целиот свој живот беа алкохоличари, а мојот брат почина кога имаше 20 години од предозирање со хероин. Ако останам трезна до крајот на животот, тоа ќе биде моето најголемо достигнување” – вели актерката.

Кога се развеле родителите, таа имала само 3 години и бидејќи била најмладо дете во семејството, нивната разделба ја доживеала како свој неуспех.

14483754_10211230239699648_382263847_n

Покрај животните несреќи и предизвици, таа денес е среќно омажена, во брак е со Кристофер  Гест и има две деца.

Некои од нејзините најпознати филмови се:

Halloween од  1978 година кој беше и филмско деби. Потоа следеа продолженијата на овој филм  Halloween II, Halloween H20: 20 Years Later и Halloween: Resurrection.

14489580_10211230215139034_314313296_o

Trading Places од 1983 година, улога која и донесе престижната награда BAFTA

14483921_10211230214939029_337354212_n

Fish Called Wanda од 1988 година.

14518476_10211230215019031_923583320_n

True Lies од 1994 година

14518317_10211230214979030_1142093203_n

Freaky Friday  од 2003 година

14466400_10211230215179035_362728435_o

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

 

Tags: алкохолдрогаживотфилмџејми ли кертис
Претходен пост

Како Меркел стана најмоќна жена во светот

Следен пост

ИНТЕРВЈУ Даниел Данн и Марга Сол “Љубовта кон музиката секогаш раѓа светлина”  

Следен пост

ИНТЕРВЈУ Даниел Данн и Марга Сол "Љубовта кон музиката секогаш раѓа светлина"  

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.