Фактот дека корона вирусот тешко ги погодува децата или влијае на нив во многу мал процент, не значи дека тие не ги забележуваат сите хаоси што се појавија и како секојдневието одеднаш се сврте наопаку. Додека размислуваат како да ги заштитат своите најблиски и себеси од опасност, родителите понекогаш забораваат дека тие мали очи ги гледаат и ушите ги слушаат.
Затоа Невена Ловринчевиќ, психолог и автор во Центарот за креативност од Србија, напиша брз водич за родителите.
Како да разговарате со детето за корона вирусот?
- Кратко и јасно во рамките на возраста на детето, дајте му ги основните информации
- На сите прашања одговарајте искрено и точно. Немојте да бидете премногу опширни, не користете изрази кои не му се познати на детето. Најдобар пристап е да одговорите конкретно на детското прашање. На пример, ако детето праша: „Зошто ја бришеш кваката“, вие треба да му кажете „Затоа што на тој начин се уништува вирусот.“
- Без драма и изјави: Ова е ужано, катастрофа, сите ќе се разболиме…
- Не ја намалувајте сериозноста на ситуацијата. (Не е тоа ништо, не слушај глупости, не е битно)
- Не ја менувајте темата. Ако ве праша детето нешто во врска со актуелната ситуација, немојте да одговарате со „Нема сега да зборуваме за тоа, ајде да си играме“
- Кажете му на детето дека некогаш е тоа нормално да се случуваат работи од кои сите се плашиме.
- Ако детето покаже страв, прифатете го тоа и кажете му дека е нормално во некои ситуации да се чувствува исплашено и вознемирено.
- Доколку детето е загрижено за својата безбедност, покажете му дека тука сте вие да се грижите за него.
- Покажете му ги на детето позитивните аспекти на ситуацијата. „Многу научници во светот работат во моментов да пронајдат лек и вакцина. Најголем дел од оние кои се разболуваат брзо оздравуваат.“
- Потенцирајте у на детето и покажете му што вие правите и што треба да прави: да се храни здраво, да се одмара, редовно да ги мие рацете, да избегнува допир со предмети надвор од домот, да не се допира на лицето.
- Вие бидете извор на информации за него. Избегнувајте изложеност на драматични снимки и онформации, посебно нивно повторување.
- Ако во главно сте дома, искористете го ова време за активност со децата и вклучете ги во секојдневните активности: гответе, правете колачи заедно, играјте друштвени игри, слушајте музика, читајте книги…
- Грижете се за себе!
Извор: zelenaucionica.com/
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.