Базирана на истоимената серија книги од Diana Gabaldon, оригинално издадени во 1991 година, STARZ ја врати приказната во живот во 2014та година со главниот лик Клер Рендал, модерна жена од 20тиот век која ненамерно ќе отиде назад во времето – поточно во 1743та година во Шкотска.
Серијата “Outlander” во моментов има 5 снимени сезони, кои можете да ги погледнете на Netflix доколку сте корисник или на некој од овие бесплатни онлајн страни (кликни тука).
Во прилог прочитајте неколку причини зошто оваа серија обавезно би требало да се најде на вашата листа:
Автентичност
Иако патување низ времето е нешто што можеме да го видиме во повеќе филмови и серии, сепак тука приказната не се задржува околу тој феномен. Порталот низ кој главниот лик проаѓа и оди во минатото, всушност воопшто не е главниот фокус на случувањата. Она што серијата го презентира е сосема поинакво историско искуство од она што сме навикнати да го гледаме. Од амбиентот, костимите, целокупниот изглед до фактите и говорот на актерите.
Хемијата помеѓу главните ликови
Иако Клер е видно растргната помеѓу сопругот од нејзината сегашност и интензивната, нова љубов од минатото – случувањата ќе ја одведат пред најубавото искуство во нејзиниот живот што е вистински бонус за сите гледачи.
Sam Heughan во улогата на Џејми покажува неверојатна глума – Актерот одлично успева да го зароби младиот, тврдоглав и наивен карактер во Џејми кој има неверојатно моќна хемија со Клер, одглумена од актерката Caitriona Balfe чија улога е модерна жена, вооружена со остар јазик и силна тврдоглава интелигенција. Таа одеднаш се наоѓа на место каде жените немаат толкава слобода на која е таа навикната и ситуацијата во која случајно се наоѓа, за неа е вистински предизвик.
Нивната љубов мора да се почувствува пред екраните, бидејќи зборовите се навистина сувишни.
Базирана е на книги
Зар не обожаваме сите да прочитаме добра приказна и воедно да визуализираме се што е опишано помеѓу страниците? Иако филмските прикази на книги никогаш не се доволно задоволувачки како страниците во книгите, сепак ни нудат широк спектар на бои и описи, чувства и возбуда. Серијата дефинитивно го одржува квалитетот на истоимените книги, а се што вие треба е да ја најдете најудобната позиција на креветот и да притиснете play.
Во прилог, погледнете го трејлерот за првата сезона…