„Ја создадов оваа нова креација на Joy by Dior, базирана на идејата на наплив од цветови кои доаѓаат со голема брзина кон нас, кои изгледаат како силна светлина што потсетува на огномет“ – Francois Demanchy, креаторот на парфеми за куќата на Dior.
Новиот Joy by Dior Intense е парфем кој ја претставува среќата преку експлозивната композиција на мириси.
Мирис кој ги пренесува сите животни радости, кој го чувствувате како минува низ телото, кој ја изразува мирисливата сензација на постоењето, каде што нема можност за непредвидени случувања.
Заслепувачката светлина на сочниот цитрус се меша со шарениот сјај на Grasse Rose и јасмин, интентизивиран со дрвенести ноти на сандалово дрво со завршни и јасни ноти на ванила.
Парфемот е сензуална композиција со дополнителни ноти на нероли. Во компарација со неговата прва едиција од 2018 година, Јoy by Dior, овој мирис е претставува нов баланс со добро познати состојки.