Денеска се навршуваат 53 години од атентатот врз Џон Ф. Кенеди, еден од омилените „синови“ на американската нација.
Џон Кенеди е роден на 29 мај 1917 година. Тој е триесет и петтиот претседател на Америка, и бил на чело на државата од јануари 1961 до ноември 1963 година кога бил убиен во атентат во Далас, Тексас.
Неговото претседателствување го обележуваат Кубанската нуклеарна криза, инвазијата на Заливот на свињите, договорот за забрана на нуклеарни проби, воспоставувањето на Мировниот кор, развојот на трката за вселената, изградбата на Берлинскиот ѕид, појавата на Движењето за граѓански права…
Многумина сметаат дека тој ги направил едни од најголемите грешки во американската надворешна политика – со зголемување на трупите во Виетнам и неуспешниот обид да го тргне од власт кубанскиот претседател Фидел Кастро.
Но, тој е и единствениот претседател кој добил Пулицерова награда (за неговата биографска книга Profiles in Courage).
Кенеди бил убиен на 22 ноември 1963 година, во Далас, Тексас.
Неговиот атентатор, Ли Харви Освалд бил уапсен уште истото попладне и тој признал дека пукал во претседателот Кенеди. И самиот Освалд бил убиен два дена подоцна во затворот, од страна на Џек Руби, затвореник кој бил голем поддржувач на Кенеди.
Интересни факти за Џон Кенеди
- Заради здравствени проблеми не бил примен во Воено училиште.
- Кенеди има шест воени одличја во својата колекција.
- Бил член на демократската партија.
- Служел два мандата во Сенатот пред да се кандидира за претседател на САД.
- Се оженил со Жаклин Бувие на 25 септември 1953 година.
- Имале две деца – Каролин Кенеди и Џон Џуниор Кенеди, познат и како Џон Џон.
- Јавна тајна е дека имал љубовна врска со актерката Мерилин Монро.
- Се верува дека бил во врска и со актерката Марлен Дитрих.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.