Веројатно Џим Кери не е името кое прво ќе ви дојде на ум кога ќе го чуете поимот ”депресија”. Комичарот неодамна проговори прилично длабоки нешта за животот, за сите комплицирани, забавни, тешки и убави искуства кои се дел од тоа да се биде човечко суштество.
Покрај неговите улоги, Џим Кери е познат и по кажување одредени мисли кои не поттикнуваат да се замислиме, па некои луѓе мислат дека тој е луд или веројатно премногу искрен. Таа искреност произлегува од високото ниво на самосвесност, кое Џим Кери го постигнал после долгогодишната борба со депресијата.
Главната филозофија зад неговото објаснување зошто луѓето стануваат депресивни, се наоѓа во изборот на ”персоната” која ја превземаме во животот. Тој вели дека ”персоната” која ја избираме мора да се согласува со нашето вистинско ”ЈАС”.
„Луѓето низ светот постојано зборуваат за депресијата. Разликата меѓу депресија и тага е тоа што тагата е резултат на нешто што ни се случило или што не ни се случило (недостаток на нешто што посакуваме да ни се случи). Депресија е кога твоето тело ти вели „Јас не сакам да бидам овој лик, не сакам да го задржам овој аватар што го создадовте во светот. Тоа е премногу за мене.“ -вели Џим Кери
Според него депресијата е на сосема поинакво ниво, кога телото ја одбива улогата која сме ја одбрале и е во потрага по нешто различно.
”Персона” е улогата која сме ја одбрале да ја играме во животот, како на пример професијата која сме ја одбрале. Иако во текот на животот влегуваме во многу, една е онаа која ја претставува нашата ”персона”.
Доколку сопствената ”персона” значајно се разликува од она што вистински сме и сакаме да бидеме, тоа може да има големи последици врз нашето психичко здравје и среќа.
„Противотровот на ова страдање е да се ослободиме од оваа желба да се биде “некој”. Чувството на целост е друго чувство од мене. За да се чувствуваме цели, ние мора да дозволиме да се обидеме да ја одржиме реалната слика на сопственото “ЈАС”.
Тој смета дека поимот ”депресија” треба да се сфати како состојба на ”длабок одмор” – телото има потреба да биде депресивно, да се одмори од улогата која треба да ја играме.
Некои луѓе сметаат дека тоа е прилично добра проценка на депресијата.
„Ајде да се предадеме (што е “себе”, во секој случај?) и да се ослободиме од било какви идентитети на кои сме работеле толку тешко да ги создадеме. Ајде да живееме со отворено срце и смисла за хумор за себе и за нашиот свет.“ -би звучела пораката која Џим Кери сака да ја пренесе на светот, бидејќи според неговите зборови ништо друго не е важно.
Сето ова е его: потребата да бидеме важни, да бидеме некој и нешто. Во реалноста, ова сфаќање на еден единствен идентитет може да ни донесе само болка и страдање, од три причини:
-Таа една улога воведува поделба меѓу нас и сите други суштества и со тоа ја обесчестува нашата вродена, меѓусебна природа.
-Ни наметнува да размислуваме дека работите не треба да се менуваат – дека ние не треба да се менуваме и да растеме.
-Нè оддалечува од одморање во сопствената основна добрина, бидејќи нè тера да чувствуваме дека ние не сме доволни онакви какви што сме, во овој момент.
Во прилог, погледнете го целосниот говор во кој Џим Кери го споделува својот став за депресијата со целиот свет:
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.
Discussion about this post