Робин Вилијамс, одличен актер и прекрасна, ведра личност која продолжи да не инспирира и по неговата смрт. Без сомневање, тој е еден од оние личности кои ќе останат незаборавени, особено по неговите зборови…
–„Комедијата е глумење оптимизам.“
–„Проблемот е што Бог му подарил на мажот мозок и пенис, но доволно крв за да управува само со едното во моментот.“
–„Мислев дека најлошото нешто што може да ми се случи е да останам сам. Не е тоа. Најлошото нешто во животот е да завршите со луѓе кои прават да се чувствувате сами.“
–„Добрите луѓе завршуваат во пеколот бидејќи не можат да си простат себеси.“
–„Без разлика што ви кажуваат луѓето, зборовите и идеите можат да го променат светот.“
–„Дадена ви е само мала искра на лудило. Немојте да ја изгубите.“
–„Дури и будалата делува паметно кога молчи.“
–„Мислам дека најтажните луѓе секогаш најмногу се трудат да ги усреќат другите бидејќи знаат какво е чувството на безвредност и не сакаат никој друг да се чувствува така.“
–„Насмеј се момче, изгрејсонце е.“ (Неговиот последен филмски цитат.)
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.