Внимавајте на Хатиџе Муратова за време на оскарите во недела, пишува France24.
Не можете да ја промашите. Таа ќе биде единствената турско-македонска претставничка во ѕвездената публика во театарот „Долби“ во Холивуд.
Додека „Honeyland“ – филм кој е окарактеризиран како “non-fiction masterpiece” филм во кој се појавува чуварот на пчелите во македонско село – освои рекордни три награди на филмскиот фестивал „Санденс“, Хатиџе живееше во мала камена рурална куќа без електрична енергија и проточна вода во дивините на Северна Македонија.
Сега стана првиот филм во историјата на академијата досега кој доби номинации за Оскар и за најдобар документарен филм и за најдобар филм на странски јазик, Хатиџе стана позната личност која ја застануваат на улица холивудски sвезди.
„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја запозна откако го гледала филмот, а Атиџе и ја предвиде идинината гледајќи на кафе“, изјави за АФП продуцентот на „Honeyland“ Атанас Георгиев.
„Антрополошки, не требаше да го сториме тоа“, рече Георгиев за холивудската авантура на Хатиџе, плашејќи се дека може да се види како лав во кафез … Но, имаше голем притисок од јавноста во Македонија за Атиџе да отиде во Оскарите.
Кога Атиџе отиде на проба за фустан кој ќе го носи за Оскарите, во нашиот главен град Скопје и беа потребни 20 минути за да помине 200 метри бидејќи толку многу луѓе сакаа да имаат селфи со неа“, откри Георгиев.
“Луѓето ја сакаат. Таа стана sвезда,“ рече Георгиев, кој исто така го уредуваше филмот.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.