Членовите на кралското семејство секогаш се “мета“ на очите на јавноста. Некако, припадниците на кралските семејства секогаш изгледаат совршено, нивната коса е средена, беспрекорна шминка а гардероба полн погодок за секоја пригода.
1. Боја на кармин
Никогаш нема да видите жена од кралското семејство која има кармин во посилна нијанса. Едноставно е забрането да се носи црвена или бордо нијанса. Користење на било која боја освен нежна крем или светло розе се смета за несоодветна. Исто така, никогаш нема да видите жена од кралското семејство да има кармин на нејзините заби.
2. Без контурирање на лицето
Ким Кардашијан е кралица на Инстаграм во исцртувањето на своето лице. За разлика од неа, на следната кралица на Шведска, Принцезата Викторија воопшто не и е дозволено да ги истакнува своите јаболчници. Припадниците на кралското семејство мора секогаш да изгледаат природно и нежно.
3. Без силна шминка
На кралските дами никогаш нема да видите вештачки трепки, силен ајлајнер или пак темна сенка.
4. Шминката мора да биде долготрајна
Кралиците, принцезите или било која друга јавна личност често знаат да имаат презаситен дневен распоред кој може да трае и со часови. Затоа, нивната шминка мора да биде беспрекорна без разлика на временските услови, дожд, ветер или премногу сонце.
5. Светол лак за нокти
Кралските дами мора да имаат кратки нокти и обоени во светла нијанса. Основно правило на маникирот е ноктите да се средени и нежни.
6. Косата мора да биде стилизирана соодветно
Кралскиот протокол налага нивните коси да се исфенирани или со лесни локни. Пунџата или премногу виткана коса е 100% забранета.
7. Носење шапка на јавни настани
Според кралскиот протокол, на јавни настани е задолжително да се носи шапка. Особено кога станува збор за венчавки или Божиќна миса. Круните може да се носат само од страна на кралицата или кралот. Тиарите се соодветни за посебни пригоди.