Италија, како најсилно погодена земја од корона вирусот добива хумана помош од целиот свет за да може да се спасат што е можно повеќе животи.
Едни од личностите кои со својот хуман гест покажаа огромна човечност и емпатија, се брачниот пар Fedez и Chiara Ferragni, италијански инфлуенсери кои ја искористија својата популарност и собраа донации за да помогнат.
Тие се во домашен карантин и секојдневно објавуваат интересни содржини со цел да ги мотивираат следачите да останат во своите домови.
Собирањето на донации го започнаа пред 2 недели, а денес го покажаа крајниот резултат.
Chiara Ferragni, на својот инстаграм профил изјави: “Пред две недели со @fedez отворивме страна на gofundme за да собереме пари за нов оддел за интензивна нега кој ќе се изгради пред крајот на месецот. После две недели, новиот оддел е подготвен и почнува да ги прима првите пациенти заболени од covid-19 уште денес.”
Тие им се заблагодарија на донаторите кои помогнаа да се соберат 4 милиони евра.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.