Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Интервју со Маја Андоновска Илијевски: Верувам во љубов, во сите нејзини облици, со сите нејзини радости и таги!

148
Прегледи
Сподели на фејсбук

Љубопитната публика ја запозна Маја Андоновска во 1994, кога таа настапи на детскиот фестивал СИДО со песничката „Досадна недела“. Иако, не порасна во музичарка, омилениот звук сѐ уште и крцкањето на сценските штици. Работи како актерка во Народниот театар во Битола, а јавноста ја знае и по серијалот на нови македонски народни приказни. Секогаш насмеаната Маја открива колку мајчинството менува и како што и сама би рекла, на тацна во ова интервју ни подарува парче од нејзината душа.

Maja Andonovska

 

Од неодамна, ја играш најважната улога, улогата на мајка? Те промени ли мајчинството, што е возбудливо во оваа улога?

Мајчинството е ново ниво на емоциите, нешто што ме помести внатрешно, нешто што за мене е посилно од самата љубов. И не е улога која ќе ја подготвиш , ќе имаш премиера и ќе се заборави со тек на време. Повеќе би рекла дека тоа е една нова книга со празни страници , која чека да биде испишана, со секоја насмевка, солза, запче, збор…  Со сѐ што ја прави таа врска толку силна и нераскинлива. Врска која се гради од  ден во ден цел живот. Мајчинството  ми го промени комплетно начинот на живот, на размислување , на љубење… Посилно е од сѐ што досега го нарекував  Врв и кон кое целев. Сега сакам повеќе, но не за себе, туку за него. Сега не се задоволувам со просек  во живеењето по никоја цена! Ако до сега бев бунтовна, сега сум лавица, ѕвер што ќе направи сѐ за своето семејство!

Maja Andonovska (5)

Иако си млада актерка, имаш одиграно многу ликови. Кој ти бил најдраг, најблизок до онаа Маја која битолчани ја познаваат?

Па, многу малку Битолчани  ме познаваат во она вистинско светло. Тие повеќе ме знаат како актерка и јавна личност, па затоа се обидувам во секој лик да вметнам нешто ново, а тргнувајќи од себе си, да си разголам уште некоја емоција,  да си го отворам срцето  и да им го подарам на тафта… Сакам кога ликовите кои ги играм во театар се различни од она што сум јас, и сакам кога имам предизвик во истражувањето на ликот  до кој сакам да стигнам. Нема да кажам кој е најблизок до мене, но ќе кажам дека ми се драги претстави :  Обѕрни се во гневот, Свирач на покривот, Обична приказна, Дива, Љубовницата, Слугинки, Иванов, Трансферату, Хамлет машина…

Копнееш ли по некој лик од светската или можеби македонската драматургија кој би сакала да го оживееш?

Ох… Копнеам по многу ликови.

Maja Andonovska (2)

Твојата професија подразбира турнеи, патувања… Кое место кое си го посетила ти оставило најмногу впечаток? Би можела ли таму да живееш?

Њујорк,  Торонто, Сиднеј… Но, кога би бирала, Сиднеј  би бил градот каде би можела да живеам . Заљубена сум во него .

На Широк Сокак, оставаш печат на жена со стил. Колку е возможно една жена да е комплетно своја во време кога безусловно се следи модата?

Па сметам дека безусловното следење на модата не те прави свој, повеќе би рекла дека те прави копија .  Да се биде свој значи, да дадеш свој печат, своја душа и енергија на она што го носиш на себе.  И се разбира, надворешното е само фасада! За мене никогаш не излегува од мода сјајот во очи, насмевката и интелектот.

Maja Andonovska (8)

Maja Andonovska (7)

Веруваш ли во љубов на прв поглед? Во вечна љубов?

Верувам во љубов, во сите нејзини облици, со сите нејзини радости и таги! Ако љубов немам, Ништо не сум !

А на што се надеваш? За што сонуваш?

Се надевам дека големината на моите соништа нема да ме разочара. Се надевам дека нема да треба да правам компромис со својот внатрешен мир. И се надевам дека никогаш нема да престанам да сонувам .

Maja Andonovska (3)

Maja Andonovska (4)

Maja Andonovska (6)

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Следен пост

ИНТЕРВЈУ Александар Рајчановски, оперативен директор во ОБД Седа Брокер А.Д – Скопје

Следен пост

Амал Аламудин Клуни, новата модна икона во светот

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.