Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ИНТЕРВЈУ Мирко Петровски: “Не постојат жртви, туку само стил на живот кој сме го одбрале”

363
Прегледи
Сподели на фејсбук

Денешното интервју е со Мирко Петровски, човекот кој знае апсолутно се за боди билдингот како професионален спорт. Воедно, тој е Македонец кој поседува IFBB PRO професионална карта за натпреварување во професионалната лига на бодибилдинг натпревари. Разговаравме за неговите почетоци, за тоа како настанала љубовта кон спорот, за кариерата и за неговите успеси, но и за тоа како човек е приватно.

Мирко, на самиот почеток на интервјуто, да се вратиме на Вашите почетоци. Вие со спорт активно почнувате да се занимавате на седум годишна возраст, како почна целата приказна?

Токму така. Од седум години почнав со спортска гимнастика и тренирав до 14 години. Тренирав професионално, прво во јуниорска категорија, потоа сениорска категорија. Всушност гимнастиката беше причина да се запишам во средното фискултурно училиште. Тука се  роди и љубовта кон спортот. Бев многу успешен како гимнастичар, бев пионерски шампион, потоа јуниорски, а следеше и сениорскиот успех. Во тоа време имаше повеќе натпреварувања, мали олимписки игри во основните, средните училишта и многу мотивација за спорт.

13221531_10210002458325881_2837586569940636248_n

Како се заљубивте во боди билдингот подоцна, дали некоја ви го посочи како спорт или се беше случајно?

Приказната беше следна: преку гимнастиката, јас дојдов во контакт со боди билдингот. Во салата “Партизан” во населбата Карпош 4, каде тренирав во салата за гимнастика, до неа имаше мала сала фитнес.

Во салата доаѓаше голем развиен човек, станува збор заИван Лошковски, кој што изгледаше импресивно за мене бидејќи јас за првпат видов човек со толку големи мускули. Ние како гимнастичари имавме добро издефинирани мускули, но мали во однос на неговите. Ме привлече моќта на појава на човекот. Затоа станав прво боди билдер, а екстремен боди билдер бидејќи се разликува од фитнесот токму во тоа-во екстремноста. Всушност разликата од боди билдер аматер и професионалец е големината на мускулите.

Интересно е што Иван Лошковски ми стана и првиот учител и тренер, а сега сме и семејно врзани бидејќи ми е кум.

Мирко каков е пристапот на Македонците генерално кон боди билдингот, дали постои отпор кој се создава заради незнаење?

Боди билдингот со години имаше лоша етикета дека вежбаат луѓе кои имаат други професионални насоки, се доживуваа како несекојдневни луѓе. Но, сепак е многу повеќе од тоа, многу е поразлично, станува збор за стил на живот, големо знаење и посветеност од областа на вежбањето, на исхраната, и на психологијата. Ние кај нас во Project Fit, работиме индивидуален пристап кај секој човек, што е многу важно и по тоа се разликуваме затоа што сепак секој човек е различен и потребно е да се направи посебна програма.

13227052_10210002457805868_1200711412250783592_n

На кој начин го правите тоа?

Јас сум тој кој што ги води и менторира, имаме инструктори односно вработени тренери кои одлични во нивната работа. Програмата јас ја изготвувам од почетници до интермедиа, а потоа се стига до таа индивудуална програма. Но, пристапот е секогаш индивидуален и се обрнува големо влијание. Тоа е во смисла на обука, како да ги изведува правилно вежбите, правилно да се храни и правилно да живее.

Кој е Вашиот најголемиот успех до сега за вас?

За мене најголем успех е IFBB PRO, професионална карта за натпреварување во професионалната лига на бодибилдинг натпревари. На секој аматер сонот му е да стане професионалец. Првиот чекор е да излезе на државно првенство, вториот е да биде на балканско, третиот е можеби европско првенство, потоа светско, а на крајот е професионалната лига.

Инаку каратата се добива се добива по скалила, по заслуга, ако си светски шампион или апсолутен светски шампион. Но, се добива и ако одобрат од Америка врз основа на минат труд.

Што се однесува до натпреварите, како личен успех го доживувам претставувањето во Њујорк, на New York Pro. Освоив единаесетто место што за мене е огромен успех.

Имавте пауза во вашата кариера заради повреда. Тешко ли беше тој период да се преживее?

Тоа е еден од најтешките периоди бидејќи психички и емотивно бев скршен со оглед на тоа дека љубовта кон овој спорт ме донела до врвот. За вежбањето да ми стане професија, ми помогнала љубовта. Но со голема волја, желба и труд го надминав тој лош период. Ја надминав повредата.

13227046_10210002457765867_2790814875012710632_n

Тешко ли беше да се вратите назад?

Тешко беше секако. Во период од 7-8 години се обидував да се натпреварувам, но не можев. Тренирав, но не се чувствував подготвен, телото не ми дозволуваше.  Последен пат се појавив на натпревар во 2003 година, за 2010 повторно да се појавам на бина, тоа беше во Њујорк и во Лондон. Беше многу тешко, но тогаш многу ми помогна мојата сопруга Светлана, тогаш девојка. Ми беше огромна поддршка за се.

Мирко каков човек сте приватно, што сакате да правите?

Многу малку слободно време ми останува искрено, бидејќи 90 проценти сум максимално ангажиран со работа, со луѓе. Сакам да им помагам на луѓето преку мојата работа и затоа не штедам време бидејќи сакам да ги насочам во еден правец кој ќе им даде правилен начин на живот. Она малку слободно време кое го имам, го користам со мојот син Јован. Викендот може да биде малку послободен, а тој се трудам да го посветам целосно на семејството. Иако се случува мојот телефон да ѕвони и после 10 или 11 часот навечер за совети. Но, тоа јас сум го дозволил бидејќи сакам да биде така.

13226888_10210002457845869_5831693733674715114_n

Колкава е жртвата која што приватниот живот ја трпел низ годините?

Морам да нагласам дека јас не повлекувам линија помеѓу приватно или професионално. За мене, тоа е мојот живот и затоа уживам во секој момент. Затоа не постојат жртви, туку само стил на живот кој сме го одбрале.

Како Ви ви почнува денот?

Денот почнува обавезно со будење од страна на синот кој сега има година и половина. Секој период од годината бара различен пристап во зависност од тоа што сака да се постигне. Кога станува збор за професионален спорт, кога се оди на основен период, кога сакаме да зголемиме мускулна маса, зборувам јас лично за себе, храната е критериум за зголемување на тежината, и според тоа денот започнува со различен оброк. Кога сакам да зголемам мускулна маса се јаде покалорична храна, но оние т.н позитивни калории односно од квалитетни јаглехидрати, квалитетни масти и протеини. Тие треба да се внесат во поголеми количини за да има енергија за периодот што следува.  Тоа обично се случува во зимскиот период каде што се градат мускули, мускулна маса. Во овој пролетен период тие калории се редуцираат јаглехидратите и полека почнува да се консумира почиста храна. Во таа насока, утрото почнува со различни оброци.

Неодамна ги подготвувавте Катерина Попева и Зоки Петровски. Како изгледаше целиот процес?

Двајцата се врвни атлети и ги очекува убава иднина. После натпреварот, кога се симнаа од бина, на моето прашање дали беше тешко – одговорот беше: Не, уживавме цело време. Јас уживав во подготовките со нив, беше прекрасно бидејќи јас се соживувам со нив, се пресликувам себеси, јас го работам со љубов ама и тие исто.

13173451_10210002458045874_970707075696251165_o

Што е следно?

Project Fit за 6 месеци со Зоки Петрески стана апсолутен победник на Купот на Македонија. Тој победи во категорија до 80 кг и победи во сите останати категории. Следен чекор е да се формира репрезентацијата од победниците кои одат на Европоско првенство. Јас како нивни тренер одлучувам дали се подготвени или не. Тоа е од причина што сметам дека треба да бидеме реални, а не само да се прошетаме и да ја претставиме Македонија како што треба. Не очекува напорен, но и убав период кој го очекуваме со нетпрение.

Подготви: Билјана Настеска – Каланоска

Фото: Приватна архива

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

 

Претходен пост

Тажната судбина на поетесата Даница Ручигај

Следен пост

Фотографии кои ја прикажуваат Ејми Вајнхаус во поинакво светло

Следен пост

Фотографии кои ја прикажуваат Ејми Вајнхаус во поинакво светло

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.