Низ годините видовме многу фотографии од Ејми Вајнхаус, од нејзините настапи, турнеи, па и по некоја контроверзна. Но, дури сега во јавноста се појавија фотографии од Ејми во едно поразлично издание, направени од ирскиот форограф Чарлс Мориарти. Дури и режисерот Асиф Кападиа кој доби Оскар за документарецот за Ејми Вајнхаус признава дека овие фотографии на тогаш дваесет годишниот Чарлс се поинакви од сите други кои ги имаме видено. Едноставно, тие ја прикажуваат Ејми во едно малку поинакво светло, нетипично за неа.
Мориарти за овие фотографии вели дека ја прикажуваат Ејми во издание каква што навистина била, талентирана, полна со живот и спонтана. Фотографиите се направени во 2003 година, кратко пред Ејми Вајнхаус да доживее планетарен успех.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот