Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Тажната судбина на поетесата Даница Ручигај

489
Прегледи
Сподели на фејсбук

Првата македонска поетеса со објавена книга, Даница Ручигај е родена на денешен ден во 1934 година во Скопје. Учела класична гимназија, каде што ги изучувала старогрчкиот и латинскиот јазик. По завршувањето на средното образование, студира на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што дипломирала југословенска книжевност, со што трајно и професионално се врзала за поезијата и за книжевноста. Својот краток работен век го поминала во Министерството за култура на Македонија.

Во 1960 година ја објавува својата прва стихозбирка „Сребрени ноќни игри”, во издание на Книгоиздателството „Кочо Рацин” со што стана првата македонска поетеса со објавена книга. Низ целата стихозбирка, провејува една и единствена нишка – водич што ја насочува Даница кон најинтимните, најискрените катчиња на младата моминска тајна – љубовта.

Во цутот на младоста, на само 29-годишна возраст, со нејзината ненадејна трагична смрт во катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година се прекина созреаната поетска мисла на оваа млада поетеса. Само неколку недели пред судбинскиот смртен час чекаше да види дали е прифатена нејзината втора стихозбирка „Заробеници на ветрот”. За жал, не го дочека позитивниот одговор, па збирката беше објавена постхумно од истиот издавач, но онака како што самата авторка ја беше подготвила и предала за печатење непосредно пред својата смрт. И втората збирка „Заробеници на ветрот” и е посветена на љубовта, но видена многу позрелоза разлика од првата книга.

Во нејзина чест, Друштвото на писателите на Македонија востанови награда „Даница Ручигај“ што се доделува за најдобра стихозбирка од авторка, членка на Друштвото на писателите на Македонија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Tags: катастрофален земјотрескнигакнижевна наградапоезијапоетеса
Претходен пост

Мери Бошкова, најпознатата актерка која беше „Госпоѓа Министерка“

Следен пост

ИНТЕРВЈУ Мирко Петровски: “Не постојат жртви, туку само стил на живот кој сме го одбрале”

Следен пост

ИНТЕРВЈУ Мирко Петровски: "Не постојат жртви, туку само стил на живот кој сме го одбрале"

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.