Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ИНТЕРВЈУ Џои Пена „Чипиндејлс е работа од соништата“

52
Прегледи
Сподели на фејсбук

Само неколку дена нè делат од гостувањето на најпознатото машко стриптиз шоу во светот, Чипиндејлс, и од најдобрата ноќ што некогаш сте ја доживеале во животот. А за тоа треба да присуствувате на шоуто, велат организаторите Авалон продукција, но и Џои Пена, еден од членовите на оваа танчерска група, кој ексклузивно во интервју за Hybread.mk откри интересни детали од нивната работа.

Aко сакате барем малку да ја почувствувате магијата на Лас Вегас, а не можете да го посетите градот на гревот, насмевнете се, бидејќи Вегас доаѓа кај нас.

H: Што е потребно за да се стане Чипиндејл?

Џ.П: Многу напорна работа и самодисциплина.

H: Кога барате нови членови за групата, колку луѓе се пријавуваат?

Џ.П: Постојано сме во потрага по нови таленти. Секоја година стотици мажи аплицираат за место во Чипиндејлс.

H: Зошто мислите дека мажите сакаат да бидат дел од Чипиндејлс?

Џ.П: Тоа е работа од соништата – да имате можност да танцувате и да патувате околу светот во исто време.

H: Танцување, вежбање, кореографии… Дали е тешко да се биде дел од Чипиндејлс? Колку часа дневно вежбате стари точки, колку време ги вежбате новите кореографии?

Џ.П: Да се научи нова рутина е тешко, но да се научи отпочеток нешто постаро, поставено на нов начин, е многу потешко. Вежбаме буквално секој ден за да продолжиме да бидеме најдобри.

H: Кој ги осмислува рутините за танцување? Работите со кореограф или самите ги создавате? Колку често импровизирате на сцената?

Џ.П: Нашиот креативен директор, Брајан Читам, ги создава танцовите рутини. Но, во секое шоу постојат по неколку моменти кога секој од нас има можност да покаже нешто свое, да остави свој печат. За среќа, имаме „капитен“ кој го надгледува шоуто и се грижи за тоа да ја следиме кореографијата.

H: Како се одржувате во форма, освен со танцувањето?

Џ.П: Барем 5 до 6 дена во неделата вежбаме во теретана. Постојано танцуваме. И имаме готвач кој патува секаде со нас за да ни помогне да се храниме здраво каде и да сме.

H: Кој е најдобриот дел од Вашата работа? А кој е најлошиот дел од неа?

Џ.П: За мене лично, најдобриот дел од работата се патувањата. Но, тоа може да биде и најлошиот дел. Летањето со авионите, доцнењето, временскиоте зони и слично, влијаат на расположението. Но, дури и кога не е сè по планот, се трудам да имам добра книга со себе.

H: Колку често  жените што го посетуваат вашето шоу настојуваат да добијат повеќе од она што го платиле? Колку често мора да се вмеша обезбедувањето?

Џ.П: Да бидам искрен, знае да биде лудо на нашите настапи. Девојките се многу возбудени. А ние се навраќаме наназад, се смееме и си раскажуваме интересни приказни.

H: Мислите ли дека животот ќе ви биде здодевен откога ќе се „пензионирате“ од Чипиндејлс?

Џ.П: Мислам дека би можел да стане по малку здодевен. Верувам дека не постои ниту еден член на Чипиндејлс кому не му недостасува ова откако ќе си замине.

H: Што може да очекува македонската публика од шоуто? Ќе ѝ го понудите ли целото „Вегас искуство“?

Џ.П: Дамите можат да очекуваат многу забава, а јас знам дека откако ќе заврши настапот, ќе сакаат повторно да се вратат на некое следно шоу.

Подготви: Андријана Јовановска

Фотографии: Авалон Продукција

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Претходен пост

МИСТЕРИИ; Што се случило со АМЕЛИЈА ЕРХАРТ?

Следен пост

Запознајте ја Софи Трудо, канадската прва дама

Следен пост

Запознајте ја Софи Трудо, канадската прва дама

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.