Јова Радевска е талентирана македонска пејачка и текстописец која живее и работи во Англија.
За прв пат се појавува на македонската музичка сцена на домашниот избор на Eurosong во 2008 година со песната „ Јас сум овде“ , а истата година и учествува и на Охрид Фест каде беше наградена за најдобар дебитант со песната „Се радувам и тагувам“.
Во 2007 година го издаде првиот албум „Дневник низ песочен часовник“, а нејзината песна „Тime will tell“ во соработка со италијанскиот DJ Danny Darkо, беше прогласена за хит на годината во 2014 година на Radio Antena 5. Истата беше пуштена и во програмата на Tom Robinson на BBC Radio. Deep House верзијата на песната беше подржана и од бројни музички блогови како што се Mr Deep Sense & Deep Sounds.
Синглот „Butterfly“ исто така во соработка со DJ Dani Darko беше одлично прифатен од страна на јавноста и влезе во Топ 50 на Beatport листата.
Јова беше поканета да гостува во Чејабинск и Jекатеринбург во Русија. Во 2015 година таа ја издаде „Be you“ so DJ Omar Basad, а потоа и песната „Chasing mirrors“ со продуцентот на електронска музика Padre (со ремикс од Kristijan Lofler ) исто така подржан од BBC Radio.
Потоа, следува синглот „My favourite“ so DJ Danny Darko и издание на „Spirit soul Records“ so DJ Le Visiteur, со песната „New way to be happy“.
Музиката на Јова е пуштана на BBC Radio 1 и 6, Ministry of Sound radioto, Македонската радио и телевизија како и музичкиот канал MTV Adria. Песната „Be Happy“ е издадена на Billboard CD, додека „New Way to be happy“ на CD издание заедно со познатото светско списание „Glamour“ во Германија, Австрија и Швајцарија.
Песната „It’s not over“ како дел од дуото „Sam & Jova“ беше издадена во 2017 од издавачката куќа „Universal“ Франција. Едната верзија од песната е во соработка со групата „Jutty Ranx“ од Америка кои имаа број еден песна на италијанските топ листи со песната „I see you“.
За нејзините успеси и планови зборува лично Јова:
H: Познати сте на македонската сцена и во странство како пејач и текстописец. Заради кои причини се одлучивте да живеете во Англија? Како би го опишале животот во странство и колку оваа одлука Ви помогна да се изградите на професионален план?
Ј: Во Англија се случи да одам најпрво како au-pair на две години, а потоа се запишав на музичко училиште во Лондон каде ги запознав моите први соработници со кои го комплетирав мојот прв албум. Во Англија отидов затоа што сестра ми беше веќе таму една година и сакав да ја посетам земјата и да запознаам нова традиција и нова култура.
Во странство еден најмногу учи да се потпира сам на себе. Најмногу што ми помогна да се изградам на музички план е соработката со различни музичари од кои многу имам научено и без сомневање уште многу ќе научам.
H: Со кого се имате соработувано досега? Дали таа соработка Ви ги отворила вратите кон некои нови можности?
Ј: Имам соработувано и со музичари кои не се познати како и со музичари кои имаат пишувано за поголеми издавачки куќи и интернационални ДЈ-и. Сфатив дека секоја соработка има потенцијал да отвори врата ако делото е направено со љубов и вистина.
H: Кои од песните се Ваши авторски?
Ј: Текстовите на неколку интернационални изданиеја се направени од мене и англискиот музичар Јoe Cherry, на пример песните „Time will tell“, „Butterfly“ „Be you“, „New way to be happy“, „Статуи“ и други. Мој е текстот на песната „Chasing mirrors“ каде што и интернационалниот DJ „Christian Loffler„ направи познат мих од песната. Ги напишав и текстовите на „Јас сум овде“, „Се радувам и тагувам“, „Се уште чекаме“ и уште многу други кои се уште не се снимени/издадени.
H: Како го карактеризирате Вашиот специфичен стил на музика и од каде црпите инспирација?
Ј: Имам работено на акустични soul, електониски песни. Не знам дали баш моментално имам стил на музика. Можеби порано бев обожавател на soul музиката, сега мојот пристап е се додека песната има моќ да с еповрзе со слушателот, стилот може да варира. На пример песната „Time will tell“ беше акустична само со клавир и вокал најпрво, а потоа таа беше споена во deep house стикот од Dj Danny Darko и емоцијата во песната се чувствува и во двете верзии.
Инспирација е секојдневниот живот и лекциите кои ги учиме од него.
H: Неодамна Вашата сестра Неда Радевска беше прогласена за топ 10-те најдобри свадбени фотографи од страна на UK Brides Magazin. Кажете ни нешто повеќе за нејзиниот успех.
Ј: Сестра ми е фотограф и графички дизајнер. Таа започна како модел за англиски списанија за свадби, а покасно се префрли и од другата страна на камерата. Има фотографирано свадби како во Англија така и интернационално, на пример во Франција, Италија, Либан. Има добиено награда и од интернационалниот директориум „Fearless Pgotographers“ кој ги прикажува сликите на најдобрите фотографи во светот.

H: Дали можеби размислувате за некој заеднички проект?
Ј: Сестра ми ги има фотографирано сите мои слики за промоција како и албум каверот за мојот прв албум „Hourglass Diary“ и го дизајнира мојот прв веб сајт. Некои од моите песни се употребени на нејзините сајтови со фотографии. Ние сме постојано во соработка и јас сум многу благодарна за нејзината подршка.
H: Кои се Вашите планови во иднина?
Ј: Имам неколку проекти во подготовка кои се надевам ќе можам да ги комплетирам во скоро време. Сепак морав да паузирам неоколку месеци на музичко поле поради мали здравствени проблеми. Наскоро планирам да продолжам со снимање и пеење без проблем.
H: За крај, која е пораката која тежнеете да ја пренесете преку Вашето музичко изразување?
Ј: Сите сме едно.
Фото: Приватна архива
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.