Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Неколку инспиративни животни приказни на познатите

118
Прегледи
Сподели на фејсбук

Кога животот и секојдневните ситуации ќе направат да изгубите надеж и да се откажете, сетете се дека постојат луѓе на овој свет кои биле упорни и докажале дека никогаш не е крај, додека сами не одлучите така.

Во прилог ви нудиме неколку животни приказни на познатите личности кои ќе ве инспирираат и ќе ве натераат да се борите со сета сила, за да ја постигнете крајната, зацртана цел:

Ј.К. Роулинг
Ј.К. Роулинг штотуку разведена, живеела од социјална помош и едвај можела да си дозволи да го нахрани своето бебе во 1994та година, само три години пред објавувањето на првата книга Хари Потер – „Хари Потер и каменот на филозофот“. Таа била толку сиромашна што не можела да си дозволи компјутер, па не можела да го покрие трошокот за фотокопирање на романот од 90.000 зборови, па ја напишала рачно секоја верзија за испраќање до издавачите. Книгата била одбиена десетици пати се додека Блумсбери (мала лондонска издавачка куќа), дала втора шанса, откако осумгодишната ќерка на извршниот директор се вљубила во книгата.

Тајлер Пери
Пери имал грубо детство. Тој бил физички и сексуално злоупотребуван, бил избркан од средно училиште и се обидел да изврши самоубиство двапати – еднаш откако бил претепан и повторно на 22 години. На 23 години се преселил во Атланта и почнал да работи на својата сценска кариера.
Во 1992 година го напишал, продуцирал и глумел во својата прва театарска продукција, „Знам дека сум бил променет“, инспириран од неговото тешко искуство. Пери ја вложил цела своја заштеда во шоуто, која првично не било успешно. Во рок од цел викенд, претставата била посетена од само 30 луѓе. Тој продолжил со напорната работа и често спиел во својот автомобил за да преживее. Шест години подоцна, Пери конечно пробил кога на седмиот рок, шоуто станало успешно. Оттогаш тој имал исклучително успешна кариера како режисер, писател и актер. Всушност, Пери бил прогласен за најплатениот човек, според Форбс во 2011та година.

Опра Винфри
Опра долго јавно се соочувала со разни јавни критики за својата тежина, со темата за расизам, нападни прашања во врска со нејзината сексуалност, но таа никогаш не дозволила тоа да застане на патот на нејзината амбиција.
Растејќи Опра била, наводно, жртва на сексуална злоупотреба и била постојано малтретирана од нејзината братучетка, вујко и семеен пријател. Подоцна таа забременила и родила дете на возраст од 14 години, кое починало само две недели подоцна. Но, Опра истрајала, продолжила напред и го завршила средното образование како почесен студент, заработувајќи целосна стипендија за колеџ. Потоа го изодела својот пат низ редовите на телевизијата, од локален мрежен радиодифузер во Нешвил до меѓународна суперѕвезда и креатор на нејзината сопствена мрежа.

Ова не се единствените познати личности чии животни приказни може да внесат поинаква перспектива во нашиот живот. За да погледнете повеќе, кликнете тука.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Tags: животни приказнипознати личности
Претходен пост

ИНТЕРВЈУ Јова Радевска – пејачка и текстописец „Сфатив дека секоја соработка има потенцијал да отвори врата ако делото е направено со љубов и вистина.“

Следен пост

„Пишувањето е како сексот. Прво пишуваш од љубов, потоа за твоите пријатели и на крај го правиш тоа за пари“- Вирџинија Вулф

Следен пост

„Пишувањето е како сексот. Прво пишуваш од љубов, потоа за твоите пријатели и на крај го правиш тоа за пари“- Вирџинија Вулф

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.