Тимот на NCS ексклузивно за порталот Hybread.mk го претставува проектот Voitex на кој интензивно работи во моментов, а станува збор за изработка на апликација од големо општествено добро. Voitex е апликација која има за цел на луѓето со оштетен слух да им го олесни користењето на мобилен телефон.
Kако настана Voitex? Која е приказната за вашата компанија?
Идеата позади Voitex се роди еден ден пред 5-от Startup Weekend во Скопје. Произлезе како резултат на општествен проблем кој голем дел од луѓето со оштетен слух се среќават на дневна база – користење на мобилен телефон.
Работите на апликација кој несомнено е од големо општествено добро, кога може да ја очекуваме на пазарот?
Моменталната фаза во која се наоѓа самата апликација е во демо везија, но секој ден сме се поблиску и поблиску до првата бета верзија на истата. Секогаш сме расположени да имаме бета тестери и да добиеме фидбек од луѓето за кои ја развиваме оваа апликација. Земајќи го во предвид сензибилитетот на истата, како и на категоријата на граѓани кои би ја користеле, секојдневно се соочуваме со нови предизвици за подобрување на одредени функционалности. После неколку состаноци со луѓе кои имаат оштетување на слухот, добивме и подобра слика за што конкретно нив им е потребно за да би ја користеле, затоа во моментов работиме на тоа да ги имплементираме истите. Доколку сè се одвива според планираното, Voitex ќе биде достапна на play store максимум за 3 месеци.
Кој се го сочинува тимот на NCS и кои се плановите на компанијата за иднина?
Сакаме да се нарекуваме себеси, тимот кој победува, што до сега се покажа како точно. Тимот се состои од тројца извонредни девелопери- Кристијан Арсовски, Јордан Крстевски и Владимир Тоточевски кои работат на самото развивање на апликацијата. Игор Изотов кој е задолжен за поставување на бизнис стратегија уште попознат и како Hustler :). Секако и јас, задолжена за UI/UX на самата апликација, истражување на пазарот и претставување на идејата.
Како го гледате развојот на апликацијата во иднина?
Во зависност од фидбекот кој ќе го добиеме од корисниците, би ја надградувале со нови функционалности кои нашите корисници сметаат дека недостасуваат, дополнително би им помогнале во извршување на комуникацијата. Планираме да ја промовираме на некој од поголемите Startup евенти на Балканот. Во моментов постојат уште неколку идеи за започнување на други апликации, но сега главно сме фокусирани на Voitex. Во иднина ќе работиме и на други апликации, а планирано е и тимот да порасне со уште неколку членови.
Започнавте со работа и ја лоциравте компанијата во најголемиот инкубатор во земјата. Како е да се работи и развива компанијата од една таква локација?
Работењето во Seavus инкубаторот само по себе донесе големи бенефити. Континуирано си опкружен со луѓе кои се гуруа во своето работење, секогаш спремни за да ти помогнат и ти да пораснеш заедно со нив. Несебично го делат знаењето, секако и своето време. Самата енергија и опкружување (од веќе успешни компании) во инкубаторот ти дава поттик да станеш подобар од тоа што си и да вложиш повеќе во својата идеа, знаејќи дека ќе успее.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.