Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ИНТЕРВЈУ Ареа – Посакуваме со нов албум да прославиме 25 години постоење

59
Прегледи
Сподели на фејсбук

Гостиварскиот рок бенд Ареа се подготвува за голем јубилеј – 25 години постоење. Но, уште поважно, најавуваат дека со јубилејот ќе се обидат на своите фанови да им подарат и нов албум. Во меѓувреме ќе се задоволиме со нивниот настап во живо, каде што во организација на Авалон продукција ќе имаат целовечерен концерт во рамките на фестивалот „All You Need Is Love“.

Ареа се враќа пред домашната публика по неколкугодишна пауза (во однос на големите концерти). Ви фали ли контактот со луѓето, создавањето нова музика?

„Во текот на годината имаме десетина настапи така што контакт со фановите не ни недостасува, а исто така работиме и на нови песни. Имаме неколку готови песни и работиме на нов албум. Направивме голема пауза од последниот издаден албум, но можеби овој настан ќе иницира конечно да го завршиме албумот.“

Што правевте во изминативе години, зошто толкава пауза?

„По толку години работа и снимени педесетина песни се чувствуваш креативно испразнето, едноставно, си кажал сè што имаш да кажеш. Од друга страна годините со себе носат и поистенчен вкус за музика па многу потешко се одлучуваш да ставиш некоја песна на албум отколку на почетокот.“

dsc_0159

Ви текнува ли понекогаш на почетоците? На најубавите времиња на македонската музика? Ви фали ли тоа време?

„Како не. Овој месец навршуваме точно 25 години од формирањето на бендот и неговиот прв настап на Рок фест. Првиот албум го снимавме во студиото М2 на Македонската телевизија, снимен е на 24 канален ленташ затоа што во тоа време немаше комјутери како денеска, а во студио не можеше да се влезе ако не си ја знаеш добро својата работа. Во тоа време од медиуми постоеја само Македонската радио и телевизија и неколку весници. Имаше доста бендови и се ценеше добрата музика. Навистина беше убаво време. Не можам да кажам дека ни фали тоа време, можеби системот на вредности од тој период.“

unnamed

Какво е вашето мислење за македонската сцена денес?

„Македонија е мала и не може да има силна музичка сцена во споредба со други поголеми држави, но во секој случај може многу подобро од сегашната ситуација.“

Кога може да очекуваме нов албум од Ареа? Тврдам дека публиката е желна…

„Тој притисок за издавање нов албум од нашите фанови во последно време е многу зголемен, го чувствуваме на нашите настапи. Се надеваме дека нареднава година ќе успееме конечно да ги израдуваме со нов албум и заедно да прославиме 25 години Ареа.“

Подготви: Андријана Јовановска
Фотографии: Авалон Продукција

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

ИНТЕРВЈУ Гоца Тржан – Музиката ја доживувам емотивно и не можам да го скријам тоа

Следен пост

Најубавите цитати на Моника Белучи за љубовта и животот

Следен пост

Најубавите цитати на Моника Белучи за љубовта и животот

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.