Инстаграм, како и останатите социјални мрежи и апликации постојано прави измени со цел да го подобри функционирањето и корисниците да бидат позадоволни. Сепак, не секоја промена е веднаш позитивно прифатена особено последната изјава од тимот на инстаграм дека наскоро лајковите на објавите нема да бидат видливи за следачите.
Што тоа всушност значи?
Активните корисници на инстаграм со сигурност ја забележале неодамнешната промена, каде се скриени профилите кои го погледнале инстаграм стори-то по 24-те часа откако е поставено. Нешто слично се планира и со лајковите на објавите, со тоа што корисникот на профилот ќе има можност да види кој ја лајкнал неговата објава и колку вкупно лајкови има, но никој друг нема да има пристап до бројот – лајковите ќе бидат невидливи за следачите.
Од тимот на инстаграм велат дека целта на оваа промена е следачите повеќе да се фокусираат на содржината која се споделува, отколку на бројот лајкови што во денешно време за повеќето стана мерило за квалитет.
За многумина да се биде влијателен на социјалните мрежи стана професија, што буквално значи дека инфлуенсерите живеат од бројот на лајкови. Затоа, најавата за овој апдејт доби негативни критики и не се знае дали ќе се реализира.
Што мислите, дали оваа промена навистина е толку лоша?
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.