Тасос е остров кој се наоѓа во водите на Егејското море и се смета за вистинска драгоценост на овој дел од Грција.
Според грчкиот сајт Greek Travel, процентуално туристите после првата посета на Тасос, се враќаат многу пати после тоа, за разлика од останатите грчки острови.
Тасос е најсеверниот остров на Грција, се наоѓа 12,8 километри од копно, од местото Keromotti Port, а најблискиот град е Кавала. Тој е еден од најзелените острови бидејќи располага со големи површини борови шуми, што ja прави дополнително климата уште попријатна во најжешките летни денови.
Како да стигнете до Тасос?
Распоредот на траектите е поволен за туристите, ги има многу често во текот на денот за време на летната сезона.
Главниот град на Тасос е Лименас кој се наоѓа на северниот дел на островот. Претставува комбинација на модерни згради со ареохолошки наоѓалишта. Остатоците од храмовите, театрите, портите, базиликите и ѕидовите многу успешно коегзистираат заедно со современите станови, таверни, кафулиња и административни згради.
На Јужниот дел од островот се наоѓаат местата – Лименарија, Потос, Псили Амос. Плажите кои треба да ги посетите ако летувате на Тасос се Golden Beach, Мyrtle beach, Paradise beach, Alyki и Salonikios beach. Секоја од нив крие прекрасно тиркизно море и убава борова шума. Уште една од работите кои мора да ги пробате додека сте на Тасос е домашниот мед кој се подготвува на островот.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.