Која е најважната лекција која природата сака да научи секој од нас? Рециклирањето, односно процесот на собирање, селектирање и преработка на отпадот. Колку сме поуспешни во имплеметација на овој процес во секојдневеито, толку се поголеми шансите за долгорочно чување на животната средина.
10 најуспешни земји во процесот на рециклирање според последните статистики на OECD (Organisation for Economic Co-operation and Development) од минатата година:
Според количината на рециклиран отпад, на прво место се наоѓа Германија, каде 68% од жителите рециклираат. Пред сè, иницијативата за јавно образование ги информирала жителите како да идентификуваат кој материјал може да се рециклира и како да ги одделуваат, така што најголемиот дел од работата се врши од страна на индивидуалното домаќинство.
Вторa земја на листата е Јужна Кореја, која има инвестирано 2% од бруто-домашниот производ (БДП) во Програмата за зелен раст. Оваа инвестиција, заедно со јавните поттикнувања и мерките за спроведување, доведе до тоа Јужна Кореја да постигне 59% стапка на рециклирање.
Третото место на листата го делат Словенија и Австрија кои имаат ист процент на рециклиран отпад, односно 58%. Иако Германија е број 1, Словенија има најбрзо подобрување во своите програми за отпад, со помош на иницијативата Нулта отпад. Во Австрија, локалната влада се залага за да се постигне годишната цел на ЕУ – зголемување на рециклирањето на 50% до 2020 година, а оваа земја веќе минатата година ја реализираше целта.
Белгија се наоѓа на четвртото место со 55% рециклиран отпад, благодарение на одличната програма со кој владата ги поттикнува луѓето да се грижат за природата. Во оваа земја рециклирањето е задолжително и се произведуваат кеси во различни бои за поедноставно сортирање на отпадот.
На петтото место е Швејцарија, која рециклира до 51% отпад, каде постојат тн. „детективи за отпад“ чија задача е да откријат погрешно фрлен отпад.
Веднаш по Швејцарија, на листата се наоѓаат Шведска и Холандија со 50% рециклиран отпад. Холандија во повеќето населени места, пред секоја куќа има по три одделни корпи за отпад во различни бои: зелена за овошје и зеленчук, сива за друг отпад, а третата е за хартија.
На седмото место на листата се наоѓа Луксембург со 48% рециклиран отпад, па Исланд со 44% на осмото место.
Данска исто како и Швајцарија има “детективи за отпад”и рециклира 44% од отпадот и се наоѓа на претпоследното место на топ листата.
Последна земја на листата е Обединетото Кралство со 43% рециклиран отпад.
Се очекува овој број да биде и поголем до следните официјални статистички податоци, со што се повеќе земји ќе бидат поттикнати да вклучат свои програми и ќе рециклираат поголем процент на отпад.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.