Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ИКТ Комората МАСИТ оствари работна средба со претседателот Пендаровски

44
Прегледи
Сподели на фејсбук

Денеска (20.08.2019 година) Стопанската комора за информатички и компјутерски технологии –МАСИТ оствари работна средба со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

На средбата учествуваа претседателката на Управниот одбор на МАСИТ –  Анета Антова Пешева, компании членки на УО, како и членки на Комората.

При отворањето на средбата, претседателката на Управниот одбор на МАСИТ – Анета Антова Пешева ја истакна важноста што претседателот ја препознава оваа индустрија како носечка и приоритетна за македонската економија, при тоа посочувајќи ги растот и придонесот на ИКТ секторот во вкупниот економски учинок во државата, како и огромниот потенцијал за уште поголем раст во следниот период.

,,ИКТ индустријата како една од водечките и најбрзо растечки гранки во државата треба да е во фокусот на националната економска и општествена политика. Во моментов таа е р’бет на македонското стопанство и токму преку оваа гранка може да се стопира миграцијата на висококфалификуваната работна сила. Тоа пак, од друга страна позитивно ќе стимулира и други индустрии”– нагласи Пешева во своето обраќање пред претседателот.

Претседателот Пендаровски истакна дека соработката со, и поддршката на ИТ секторот во земјава е од особено значење, бидејќи како што рече „дигитализацијата го движи светот во друга насока и ние мора да се прилагодиме, односно да фатиме чекор“.

„Една од програмите на која ќе дадеме институционална поддршка е партнерството со Британската амбасада, Националниот младински совет и МАСИТ за отворање и работа на МЛАДИХAБ, кој ќе биде сместен во Канцеларијата на претседателот, просторот кој се наоѓа во центарот на Скопје. Со поддршка на оваа програма се надевам дека ќе создадеме мотивирачка средина дека и младите кај нас ќе имаат шанса за успех“, потенцираше Претседателот Пендаровски.

Во разговорите на работната средба на која активно земаа збор членките на МАСИТ, страните ги истакнаа своите заложби за стратешко помагање, промовирање и водење на ИКТ индустријата, унапредување на бизнис климата за ИКТ компаниите во државата, потенцирајќи ја важноста на унапредувањето на даночната политика, унапредување нависокото образование од техничките науки, стимулирањето на понатамошен развој, како и промовирање на ИКТ индустријата надвор од државата.

На средбата се заклучи дека е потребно креирање на правна и економска рамка за забрзан раст на ИКТ индустријата, а преку тоа и мерка за задржување на младите во земјава.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Претходен пост

ACQUA DI PARMA HOME COLLECTION, АВТЕНТИЧНИ МИРИСИ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ДОМ

Следен пост

5 најголеми маникир трендови на Instagram и Pinterest

Следен пост

ФРАНЦУСКИОТ БРЕНД NINA BOX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.