Домот е најинтимниот личен простор на секој човек, место кое го рефлектира вкусот и изборот повеќе од било што друго. Новата колекција Home Collection од Acqua di Parme го дава чувството на вистински дом.
Брендот, кој е симбол на италијанскиот животен стил создаде 10 нови мириси за свеќи и освежувачи во домот. Низ сензорните мириси, не само за лично задоволство, туку и за добро осмислена уметност како впечативо „добредојде“ за гости, но и за добро одбран подарок. Пет различни мириси кои претставуваат 5 различни италијански животни стилови: Luce di Colonia, Buongiorno, La Casa sul Lago, Caffè in Piazza и Oh, L‘amore. Додека пак за оние кои сакаат повторно да го почувствуваат мирисот на незаборавниот Медитеран во својот дом, 5 мириси инспирирани од линијата Blu Mediterraneo: Arancia di Capri, Fico di Amalfi, Bergamotto di Calabria, Chinotto di Liguria и Mirto di Panarea.
LUCE DI COLONIA e инспирација за Home Collection која зрачи со радост на животот и се чувствува во домот. Неговата лесна и сончева арома е Colonia, суштина на италијанскиот стил и симбол на вредноста на Acqua di Parma. Чиста и природна комбинација на овошје со деликатни цветни ароми.
BUONGIORNO ги претставува првите зраци кои се пробиваат низ прозорот, кои го носат со себе мирисот на нане, лаванда и рузмарин комбинирани заедно со зелените ноти на трева.
LA CASA SUL LAGO ве носи на брегот на италијанското езеро и вила со поглед кон него. Мирисот на вода се меша со интимните цветни арми и топлите прегратки на мошусот – грациозен и едноставен, тоа е мирис кој смирува.
CAFFÈ IN PIAZZA во себе ги содржи енергичните ноти на кардамон кои се мешаат со сувите ноти на кафе и гурманските ноти на ванила и чоколадо од лешник. Ве носи во светот на убавото чувство кога сте со пријателите и незаборавните заеднички моменти.
OH, L‘AMORE ги буди љубовните емоции. Интензивни зачински ноти на црн бибер и каранфил кои одат одлично во комбинација со кремасти ноти на амбер, бензоин и тонка грав. Нежна, сензуална атмосфера, идеална за романтична вечер, за интензивни емоции на тој прв поглед кога дома ќе ја видите саканата личност како ве чека.
Незаборавни предели
Доживејте ги прекрасните предели на италијанскиот Медитеран во својот дом. Замислете спокојно и удобно лето со семејството и пријателите секој ден. Тоа е енергијата која ја даваат 5-те мириси на Blu Mediterraneo линијата на Acqua di Parmа. Секој од нив ја доловува суштината на пејзажите каде морето, ветерот и сонцето создаваат незаборавна слика. Се чини дека секоја соба се претвора во центар на италијанските емоции.
ARANCIA DI CAPRI -Чисти вибрации на ноти од портокал, мандарина и лимон, три овошја кои се симбол на еден од најсофистицираните острови на светот кој сега можете да го почувствувате во воздухот. Моќта на цитрусот комбиниран со свежиот petit grain и интензивниот кардамон, лесните ноти на карамела и сензуалните ноти на мошусот. На крајот на работниот ден, можете да уживате во среќните моменти, сами или со вашите драги луѓе.
FICO DI AMALFI ја носи сладоста на смоквата во рамките на цитрусната арома на лимон, бергамот и грејпфрут. Нотите на црниот бибер и јасминот создаваат изненадувачка хармонија со бензоинот и кедарот, носејќи не Amalfi крајбрежјето кое нуди незаборавен поглед и чувство на убавина.
CHINOTTO DI LIGURIA ве потсетува на желбата да побегнете од дневната рутина, за да го доживеете оној бран на виталност и да ја почувствувате природата на вашето лице. Ноти на ретко вкусно овошје кое одлично се комбинира со мандарина, мирис на рузмарин и зачински мирис на кардамон, заедно со деликатноста на јасмин и мошус.
BERGAMOTTO DI CALABRIA го носи мирисот на бергамот во секоја просторија во домот, одлично комбиниран со нотите на црвен ѓумбир и кедар, ветивер, бензоин и мошус. Мирис кој многу брзо создава опојна атмосфера за уживање во посебните моменти.
MIRTO DI PANAREA е оној мирис кога пристигнувате дома и се што ви треба е мир и тишина во вашиот ритам на живот. Имате чувство дека шетате босоноги по дрвениот под, дишејќи го морскиот мирис на Медитеранот.
Сите мириси се создадени со цел да доживеете различни сензорни искуства, а притоа да го украсите домот со колекцијата на елегантни есенции од Acqua di Parma.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот