Веќе неколку сезони преку платформите како Instagram и Pinterest сме во постојан тек со модата и се запознаваме со сите најдобри трендови. Неретко се наоѓаме во ситуација да ни е тешко да се одлучиме кога секој месец има толку одлични нови стилови и изборот е навистина голем.
И ова лето е обележано со одлични маникири, во прилог погледнете ги 5-те доминантни летни трендови кои варираат од класични и едноставно до ведри и колоритни дезени. Кој е вашиот фаворит?
- “Nude” нијанси
Тренд кој изгледа како никогаш да не излегува од мода и особено го обожаваат оние кои сакаат минималистички, елегантен изглед на ноктите. Одлично се комбинира со секаков накит и бои. Бојата е флексибилна и лесно може да се искористи како основа за некаков интересен додаток, а да го задржи својот “nude” ефект. - Тропски француски маникир
Не постои покласичен стил од францускиот маникир. Поради постојаните варијации, овој тренд постојано се одржува, а одличен пример за летово е замената на белата линија со малку тропско шаренило. Разбудете ја креативноста и додајте по некој елемент за да го комплетирате летниот, тропски изглед. - Креч бела боја
Густиот и покривен бел лак за нокти, повторно и оваа сезона на врвот на маникир трендовите најмногу поради едноставноста и интензитетот на бојата што ја прави кожата уште потемна поради контрастот. - олоритна геометрија
Спротивност на минималистичкиот изглед се наоѓаат обожавателите на невообичаените маникири што ги носат ноктите во улога на главен моден додаток. Геометриски форми и линии во разни бои се она што се издвои оваа сезона. - Светли пастелни бои
Ако сте љубител на ведар и шарен маникир, тогаш летото е совршена можност да пробате нешто поинакво. Се што треба да направите е да одберете топ 5 бои за секој нокт. Овој тренд нема правила, затоа слободно искористете ја имагинацијата.При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот